Занимливости
#СедиДома: Три предлог филмови за викенд – Три интересни англиски заплети

Англискиот темперамент и уникатност се познати насекаде во светот. Овој викенд нудиме три интересни приказни од англиското урбано секојдневие. Три неедноставни заплети кои ќе ви го направат интересно слободното време седејќи дома.
Trainspotting (1996) (драма)
Рентон, длабоко нурнат во нарко сцената на Единбург, се обидува да се исчисти и да излезе од бездната во која е навлезен и покрај зависноста од наркотици и влијанието од пријателите.
Режија: Дени Бојл Улоги: Еван МекГрегор, Јуан Бремнер, Џони Ли Милер
Snatch (2000) (комедија, крими)
Безкрупулозни боксерски промотори, насилни букмејкери, руски гангстер, некомпетентни ограбувачи – аматери и наводно, еврејски златари, се обидуваат да му влезат во траг на безценет, скапоцен камен.
Режија: Гај Ричи Улоги: Џејсон Стадам, Бред Пит, Беникио Дел Торо
Formula 51 (2001) (акција, комедија, крими)
Американски “мастер“ хемичар планира, на големо да поентира, односно да заработи во зделка со дрога која се случува еднаш во животот. Но, не оди се по планираното вплеткувајќи се во мрежа на измами.
Режија: Рони Ју Улоги: Семјуел Л. Џексон, Роберт Карлајл, Емили Мортимер
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград