Поврзи се со нас

Гостивар

Седница Гостивар: ДУИ и Алијанса се контрираа за трошењето на јавните пари

Објавено

на

Дискусијата околу општинските финансии и поддршка на проекти, на денешната седница на Советот на Општина Гостивар се претвори во политичка препирка.

Газменд Мемеди од Демократската унија за интеграција во дискусија за буџетските средства и поддршка на проекти, нагласи дека општината не работи домаќински, има злоупотреба на јавните пари и дека општинскиот долг расте.

„Кога стана градоначалник Арбен Таравари вети дека ќе го исплати долгот на општината, а сега сведоци сме дека не е така, долгот расте и стигна 3 милиони евра. Ние како опозициска советничка група, немаме моќ нешто да направиме освен да ја алармираме јавноста. Има злоупотреба на парите од буџетот, не се кажува каде и како се трошат.“, рече Мемеди.

Советничката од Алијанса, пак Њомза Шаќири реплицираше дека ваквите наводи се невистина, дека општината работи транспарентно, а парите се инвестираат во инфраструктурата.

„Сето тоа што го кажа советникот на ДУИ е неточно и е негативна пропаганда. Кога Алијанса ја презеде Општина Гостивар имаше 4 милиони евра долг. Од тие 2 милиони се исплатија од Министерство за финансии, а општината исплаќаше на рати останатото, тоа што имаше обврски. Општината зеде обврска да плаќа долг од 1 милион евра и на „Комуналец“ и нормално е дека така долгот ќе порасне. Нема никаква манипулација. Сите проекти што се реализираат се усвојуваат на Совет и тоа се видливи проекти, асфалтирани патишта од над 30 километри, изградена мрежа на канализација и водовод итн.“, изјави Шаќири.
Советот на Гостивар, меѓу другото денес усвои ребеланс на буџетот, како и одлуки за доделување на субвенции на јавните претпријатија за паркинзи и зеленило и за стопанисување со спортски објекти.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 31 минута

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 16 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 17 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 20 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена