Гостивар
Седница на Совет: Донесен ДУП за Дутлок кој предвидува изградба на нов мост на Вардар
На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беше изгласана одлука за усвојување на конечен ДУП за урбана единица Б-блок 15, кој ја опфаќа населбата Дутлок, со што се овозможува изградба на нов мост на Вардар.
Како што кажаа од Секторот за урбанизам, за овој дел од градот за прв пат се донесува детален урбанистички план.
„За ДУП-от добивме согласност од Министерството за транспорт и врски, а мораше да се усвои до 18 февруари, кога истекува рокот, согласно новиот Закон за урбанистичко планирање, затоа и требаше да се донесе поургентно, до недела се заокружуваат овие рокови. Таму никогаш немало детален урбанистички план, за прв пат се носи. Предвидени се куќи за домување А1 и се отвора пат да се реализира нов мост на Вардар, модерен, по сите стандарди.“, појасни раководителот на Секторот за урбанизам во општината, Семир Зулбеари, додавајќи дека мостот ќе се протега од кај гробиштата во Здуње до населбата Дутлок.
Одлуката беше донесена до 18 гласови за „за“. Советничките групи на ДУИ и на СДСМ гласаа „против“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди