Вести
Седум делови на човечкото тело кои некогаш се користеле како лек
Објавено
пред 2 годинина

Стотина години, од времето на Ренесансата, низ Викторијанската ера, медицината во Англија, Италија, Франција и другите држави во Европа, рутински ја вклучувала употребата на делови од мртво човечко тело. Се сметало дека со помош на коските, мозокот, крвта и другите органи од телото, можело да се излечи било што; од обична настинка до епилепсија, благодарение на животниот дух кој го дарува покојникот. Иако употребата на труповите и понатаму е составен дел на нашата здраствена заштита, од трансплантација на ткивата, до трансфузија на крвта, поголемиот дел од практикувањето на „медицински канибализам“, за среќа, повеќе не постои.
Во оваа прилика ви овозможуваме увид во седумтте делови на човечкото тело, кои се употребувале во медицината
1.Мумии
Мумијата практично се сметала за лек за време на златната ера во медицината на труповите во 16 и 17 век. Носени од уништените египетски гробници, нивната содржина е додавана во тинктури (течни екстракти) или во гипсот, кој бил наменет за рани, кои се добивале во битки, касања од страна на змии, модрици и болки во зглобовите. Паметните претприемачи нашле начин како да си прават бизнис, па подготвувале лажни мумии од труповите на лепрозни, луѓе-просачи, па дури и од камили,
2.Черепи
Ако труповите во прав биле моќни, тогаш черепите во прав во мешавина со чоколада, биле уште помоќни. Томас Вилис, научник од 17 век, правел комбинации од черепи и какао, како лек против крварење. Човечките черепи, биле исто така потопувани во алкохол, создавајќи тинктура, именувана како Кралска капка по англискиот крал Чарлс Втори, кој наводно платил 6000 фунти за овој личен рецепт. Оваа тинктура, се смета дека се користела против отоци, воспаление на зглобовите и други болести.
Крварењето од нос и епилепсијата биле исто така третирани со прав направен од мовта од човечкиот череп. Ричард Саг, автор на делото: „Мумии, канибали и вампири: историја на медицината на труповите од Ренесанската до Викторијанската ера“, вели дека овој лек навистина делувал, но правот само ја стимулирал коалигацијата.
3.Мозок
Мозокот се користел за лечење на епилепсијата. Лекарот Џон Френч, го опишува процесот на правење на тинктура од мозоци, во неговата книга:„ Уметноста на дестилацијата“, од 1651 година, „да се земе мозокот на некој млад човек, што умрел од насилна смрт“, изгмечен во камен малтер, втопен во вино и „ да се држи половина година во коњско ѓубре“, пред дестилацијата.
Овој лек требало да функционира под теоријата на медицината, каква болест – таков лек, која била популарна во тоа време и во која черепите и мозоците, биле гледани како корисни за болестите што се појавувале во главата. Често се сметало дека лековите земени од мртвите луѓе, кои умирале од насилна смрт биле многу моќни, бидејќи се верувале дека насилството ја контролира животната сила.
4.Маст
Човечката маст, била барана како лек против крварењето, модриците, грчевите во мускулите, оштетување на нервите, болки во зглобовите и други видови на болки. Овој лек бил многу популарен во Германија, а бил и проучуван од страна на минхенските доктори, кои ги земале труповите од џелатите до средината на 18 век. Другите, се обидувале да ги заобиколат аптеките и да се обратат на џелатите, за своите медицински залихи. Често маста била претворана во мелем (понекогаш познат како мелем на џелатот), но некој лекар за неколку англиски и француски кралеви, го комбинирал заедно со опиум и отров и го давал како лек за намалување на болките.
5.Крв
Како маста и мозокот, крвата била директно набавувана од џелатите. Луѓето, кои биле премногу сиромашни, за да купат добри лекови од своите аптекари, оделе на местата каде што ги погубувале луѓето, плаќале по неколку монети, за да пијат крв од погубените. Иако, во суштина крвта најмногу се пиела, таа била и сушена и претворана во прав (против крварење од носот) и била прскана на раните за да го запре крварењето и дури била правена во вид на човечка мармалада.
6.Коса
Според Саг, напитокот, наречен течност од коса, редовно се користел за растење на косата, од страна на тие што ја немале. Под теоријата, каква болест – таков лек, за косата од мртвите се сметало дека го поттикнува растот на косата од живите. Меѓутоа, косата во прав се употребувала за болести, кои немале врска со косата, како на пример жолтицата.
7.Заби
Забите се исто така пример на горенаведената теорија. Во северен Хемпшир, во Англија, како и во другите области, луѓето ги носеле забите во вид на синџир околку вратот, а исто така ги користиле како лек против забоболка, болка која може да се третира, ако сами допрете заб на мртов човек. Во Ирска луѓето отишле уште понатаму во употребување на забите како лек, така што со прстите ги триеле забите на мртвите луѓе и се бањале со водата, каде што е избањат мртвиот човек.
АНКЕТА:

Урнебес во Младост, „падна“ Куманово (91:83)

Седум пати повеќе оздравени од новозаразени со корона во Гостивар последните 24 часа

Следете го во живо натпреварот помеѓу КК Гостивар и Куманово (Livestream)

Во Гостивар се потрошиле 750 брзи ковид тестови, обезбедени се уште 2.000

КК Гостивар – Куманово денеска од 18 часот

Брзо и бесно возење по патиштата на подрачје на Гостивар, казнети 60-тина возачи

Јануарските пензии ќе се исплаќаат од вторник, просечно се покачени за 185 денари

Малолетник каснат од куче скитник во Добридол

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата