Гостивар
Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Денес се навршуваат седум години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимоски од гостиварско Зубовце. Датумот 9-ти мај останува да се памети како трагичен ден на незаменлива загуба и жалост.
Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.
Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 година. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Серафимоски, познат како голем спортист и професионалец, загина на 28 годишна возраст.
Во чест и слава на загинатите бранители вчера се одржа меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди“ на релација Куманово-Скопје-Тетово-Гостивар.
Вооружената престрелка во Куманово започна рано утрината во 4:30 часот и траеше речиси непрекинато 28 часа. Животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Загинатите бранители постхумно беа одликувани со „Медал за храброст“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос