Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Седум намирници кои треба да ги внесуваме за да ни се зајакне имунитетот

Објавено

на

Нашиот имунолошки систем е првата линија на одбрана од штетните патогени кои можат да придонесат за развој на акутни и хронични болести. Тоа е широка мрежа на органи, клетки и протеини кои работат заедно за да го заштитат телото од вируси, бактерии, габи и други микроорганизми. А доколку „напаѓачите“ навлезат во телото и предизвикаат штета, имунолошкиот систем е одговорен да ја залечи таа штета и да се прилагоди на идните зaкани.

Постојат многу начини за зајакнување на вашиот имунолошки систем, вклучувајќи редовно вежбање и квалитетен сон. Сепак, исхраната – со акцент на одредени хранливи материи исто така игра значајна улога. Еве кои намирници се најдобри за здравјето на имунолошкиот систем:

Цитрусните овошја

Цитрусите се богати со витамин Ц, хранлива материја која е важна за здравјето на имунолошкиот систем. Витаминот Ц, или аскорбинска киселина е витамин растворлив во вода кој е од суштинско значење за раст и поправка на ткивото. Како антиоксиданс, витаминот Ц се бори со слободните радикали, што помага во спречување на одредени видови на рак, срцеви заболувања и други хронични здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека нашето тело не може да произведе витамин Ц, треба да го внесуваме преку исхраната. Цитрусното овошје може да се консумира свежо или како состојка во различни јадења.

Јогурт

Многу истражувања покажаа дека постои врска помеѓу здравјето на цревата и општото здравје. Јадењето храна како јогурт, богат со пробиотици, може да го зголеми бројот на добри бактерии во цревниот микробиом, што на крајот придонесува за зајакнување на имунитетот. Грчкиот јогурт е особено корисен за имунолошкиот систем бидејќи обезбедува висококвалитетни протеини и помага во разновидноста на бактериски соеви во цревата.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на цинк – хранлива состојка клучна за здрав имунолошки систем. Јаткастите плодови, како што се индиските ореви, бадемите и оревите, се одличен извор на цинк, па затоа се препорачува што почесто да ги додавате во исхраната. Јаткастите плодови се практична и здрава ужина која може да се земе насекаде или да се додаде во различни јадења.

Ѓумбир

Многу истражувања сугерираат дека ѓумбирот може позитивно да влијае на здравјето на имунолошкиот систем. Има антиоксидантни и антиинфламаторни својства, па може да помогне да се намали ризикот од хронични здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести. Истражувањата покажаа дека ѓумбирот ги блокира проинфламаторните цитокини и ги потиснува оксидирачките молекули кои придонесуваат за воспаление во телото. Ѓумбирот лесно може да стане дел од урамнотежена исхрана, а најдобар избор е свежиот ѓумбир, кој  има најсилни ефекти врз здравјето на луѓето.

Куркума

Овој горчлив зачин содржи биолошки активно соединение познато како куркумин кое работи со клетките на имунолошкиот систем за да ги подобри одбранбените способности на телото. Неговите гастро-заштитни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства ги потиснуваат метаболичките патишта кои предизвикуваат воспаление и оксидативен стрес во телото. Кулинарските можности на куркумата се бескрајни. Може да се додаде во супи, чорби, смути, овесни снегулки, маринади, па дури и чаеви.

Лук

Лукот е еден од најпознатите „природни антибиотици“ и долго време се користи во медицински цели бидејќи содржи бројни важни соединенија кои се клучни за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Овие биолошки активни соединенија придонесуваат за различни биолошки процеси во телото преку нивните антибактериски, антиинфламаторни, антиоксидантни и невропротективни својства. Тоа е вкусен додаток на различни јадења.

Други начини за зајакнување на имунитетот

Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здрав имунолошки систем. Сепак, за максимална функционалност на имунолошкиот систем, потребни се и:

Добра рутина за спиење

Квалитетниот сон е од суштинско значење за одржување на силен имунитет бидејќи му дава шанса на телото да се одмори и да ги замени важните клетки кои се борат против инфекцијата. Недостатокот на сон е поврзан со хронично воспаление и зголемен ризик од инфекција. Возрасните треба да спијат најмалку 7 часа навечер за да го оптимизираат здравјето на имунолошкиот систем.

Редовна физичка активност

Физичката активност поддржува здрав имунолошки систем на неколку начини. Редовната физичка активност може да помогне да се намали анксиозноста, да се поддржат напорите за управување со тежината и да се подобрат моделите на спиење.

Управување со стресот

Иако се потребни повеќе истражувања, сегашните студии покажуваат дека зголеменото ниво на стрес може да биде поврзано со дисфункција на имунолошкиот систем. Стресот е широк поим кој може да варира кај поединци. Сепак, техниките за управување со стресот, како што се јогата и медитацијата, можат да помогнат во ублажување на симптомите на стрес.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена