Магазин
Седум трикови за поголема мотивација
Одложувањето на обврските од денес за утре, може да доведе до натрупување на недовршени задачи, кои потоа не оптоваруваат и ни создаваат чувство дека никогаш нема да можеме да се справиме со нив.
За пронаоѓање на мотивација која ќе ни помогне да ги решиме проблемите, потребна ни е мала организација и самодисциплина. Следните совети ќе ви помогнат да се вклучите полесно во извршувањето на задачите.
Замислете го својот успех
Замислете се себеси како успешно завршувате некоја задача. Поминете пет минути со затворени очи, замислувајќи како се чувствувате, како ќе изгледа крајниот резултат и колку убаво поминал процесот.
Мозокот не умее да направи разлика помеѓу добро замислените мисли и реалноста, така што, на некое ниво, вашиот мозок ќе мисли дека веќе сте ја завршиле задачата. Ова го олеснува целиот процес. Замислувањето на позитивниот исход ќе ве возбуди и ќе ве инспирира да преминете во акција.
Планирајте однапред
Направите листа на приоритетни работи, односно на најважните нешта што морате да ги завршите. Концентрирајте се на најважните работи, така што ќе направите листа, на која ќе наведете најмногу пет задачи дневно, а потоа вметнете ги во календарот.
Измамете се
Измамете се себе, така што ќе наведете лажни рокови на календарот, за да можете посмирено да започнете со некоја задача порано отколку што е потребно. На овој начин, со присуство на вистинските и лажните обврски, потешко е да го избегнете нивното навремено извршување.
Нека ве инспирираат другите луѓе
Пронајдете инспирација, кога имате чувство дека немате сила да продолжите понатаму. На пример, нека ве инспирираат силните луѓе, кои постигнале големи нешта, читајте инспиративни цитати од силни луѓе и гледајте интервјуа со луѓе на кои им се воодушевувате. Ако почнете да губите мотивација, ова ќе ве врати на вистинскиот пат.
Избегнувајте ги работите што ви го одвлекуваат вниманието
Исклучете ги уредите, кои ви го одвлекуваат вниманието, како: телефон, компјутер, па и социјалните мрежи… Ова ќе ви помогне да го насочите вниманието кон задачата, што треба да ја завршите. Мозокот побрзо ги завршува работите кога ќе го насочите кон едно нешто.
Престанете да чекате
Престанете да ја чекате совршената прилика или совршеното време. Веројатно нема да можете веднаш да ја завршите целосно задачата, но издвојте петнаесетина минути кога работите на една задача која е дел од некој голем проект. Подобро е така, отколку да чекате за да го завршите целиот проект одеднаш. Секој ден правете по еден чекор кој води до крајната цел.
Изберете награда
Сите сакаме да очекуваме нешто. Инспирирајте се со награда: масажа, вечера со пријатели, гледајте ја вашата омилена серија или одете на час по јога. Замислените награди на крајот на тунелот на обврските, можат да ни помогнат во остварувањето на зацртаната цел и во извршувањето на задачата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград