Гостивар
Седумдесет и едногодишен гостиварец е велосипедистот кој загина во несреќа попладнево

Полицијата излезе со информации за денешната фатална сообраќајна несреќа во Гостивар во која камион прегази велосипедист на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица”. Според пријавеното во СВР Тетово околу 15 часот и 30 минути, товарно моторно возило”ман” со мешалка за бетон, управувано од М.К.(56) од Беловиште, удрило во машко лице кое се движело со велосипед.
Од ударот, велосипедистот Т.Ј на возраст од 71 година од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. На местото на несреќата е извршен увид што го водел Јавен обвинител, а во кој учествувала и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение