Спорт
Сефте за ФК Гостивар, совладан Работнички 2-0

Четири натпревари се одиграа вчера од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое прва радост за три освоени бода забележа екипата на Гостивар.
Гостиварци првата победа во сезоната ја запишаа против Работнички. Најзвучното засилување Алпер Потук го отвори резултатот во 12. минута, Селмани го удвои во 80. минута за конечни 2-0.
Вардар и по 4 кола не успеа да освои цел плен против Силекс иако гостите од Кратово речиси еден час играа со играч помалку поради црвен картон.
Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ремизираа без голови, додека Шкендија забележа минимална победа над Брегалница.
Резултати:
Гостивар – Работнички 2:0
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Шкендија – Брегалница 2:0
Вардар – Силекс 2:2
Денеска играат АП Брера Струмица и Тиквеш. Дуелот Воска – Струга ТЛ е закажан за 27 септември.
Табела: Шкендија 9 бода, Брера Струмица 9, Тиквеш 6, Брегалница 6, Работнички 6, Силекс 5, Шкупи 5, Македонија ЃП 4, Струга ТЛ 3, Воска 3, Гостивар 3, Вардар 1.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос