Култура
До сега четириесетина поети се пријавиле за поетскиот фестивал во Гостивар
Поетите од земјава и од соседните држави покажуваат голем интерес за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Конкурсот за поетски творби беше објавен кон половината на март и до сега се пристигнати песни од четириесетина автори, домашни и странски.
„Како и секоја година, така и оваа бележиме голем интерес и добар одѕив на конкурсот. Се` уште е рано да се зборува нешто поконкретно за квалитетот на стиховите, сепак првично може да кажеме дека поетите ќе ја измерат силата на своите зборови во јака конкуренција“, велат организаторите.
Право да конкурираат на фестивалот имаат поетите од Македонија и од Балканските земји, без разлика на возраста. На конкурсот учествуваат со испраќање на три до сега необјавени песни, напишани на мајчин јазик. Странските поети треба да имаат препев на песните на македонски. Во однос на темата и формата на стиховите нема ограничувања. Рокот за пријавување трае до 15-ти април. Творбите се испраќат на мејл адресата: [email protected]
Авторите кои ќе добијат најмногу бодови од стручната комисији ќе влезат во трка за фестивалските награди.
Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар го организира Центарот за култура „АСНОМ“ во чест на 24-ти Мај, денот на словенските просветители.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград