Поврзи се со нас

Култура

До сега четириесетина поети се пријавиле за поетскиот фестивал во Гостивар

Објавено

на

Поетите од земјава и од соседните држави покажуваат голем интерес за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Конкурсот за поетски творби беше објавен кон половината на март и до сега се пристигнати песни од четириесетина автори, домашни и странски.

Како и секоја година, така и оваа бележиме голем интерес и добар одѕив на конкурсот. Се` уште е рано да се зборува нешто поконкретно за квалитетот на стиховите, сепак првично може да кажеме дека поетите ќе ја измерат силата на своите зборови во јака конкуренција“, велат организаторите.

Право да конкурираат на фестивалот имаат поетите од Македонија и од Балканските земји, без разлика на возраста. На конкурсот учествуваат со испраќање на три до сега необјавени песни, напишани на мајчин јазик. Странските поети треба да имаат препев на песните на македонски. Во однос на темата и формата на стиховите нема ограничувања. Рокот за пријавување трае до 15-ти април. Творбите се испраќат на мејл адресата: literaturniiskri@yahoo.com

Авторите кои ќе добијат најмногу бодови од стручната комисији ќе влезат во трка за фестивалските награди.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар го организира Центарот за култура „АСНОМ“ во чест на 24-ти Мај, денот на словенските просветители.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 8 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 10 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 12 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 12 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 13 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 14 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 16 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 18 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена