Вести
До сега се собрани 9.000 евра – на Ивица се` уште му треба нашата помош
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/09/tmp855220524190531587.jpg)
Од јули, кога беше испратен првиот апел за собирање на средства за лекување на гостиварецот Ивица Срезоски, до сега се собрани околу 9.000 евра. Беа организирани повеќе настани, низ угостителските објекти поставени се кутии за донации, а пари може да се уплаќаат и на сметка или да се донираат преку телефон.
Собраната сума е само половина од потребната за третманот кој на нашиот сограѓанин му е неопходен, а треба да се изврши во Пекинг, Кина. Ивица и неговото семејство упатуваат благодарност до сите што до сега се вклучиле со донирање на било каков начин и апелираат граѓаните да продолжат да бидат хумани за да може да се создадат услови за лекувањето.
Ивица боледува од спиноцеребрална атаксија, болест поради која не може да се движи нормално, му предизвикува болки и која со тек на времето носи низа други здравствени проблеми. Третманот со матични клетки што може да биде изведен во Кина може да му помогне повторно да застане на своите нозе. Да бидеме хумани и да помогнеме сите заедно!
Донирајте:
Преку мобилен за корисниците на Т-мобиле: 143 171
Корисници на ВИП- 143 – 460
или на жиро сметка
200003182230977
Стопанска банка АД Скопје
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград