Вести
Сеќавање на гостиварските херои, учесници во Февруарскиот поход

Гостивар им одаде почит и се присети на херојството на учесниците во Февруарскиот поход, еден од клучните военостратегиски историски настани од периодот на народно ослободителната војна на Македонија. Седумдесет и три години од борбените операции, беа одбележани со пригоден собир и положување на цвеќе, што го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци во Гостивар.
Членови на организацијата, претставници на политички партии, ученици, почитувачки на слободарските традиции беа дел од денешниот настан, во чест на Февруарскиот поход.
За целта, текот и значењето на оперативните дејствија пригоден реферат прочита Тања Карафилоска, професор по македонски јазик во економското училиште.
Гостивар дал значаен придонес во Народноослободителната војна на Македонија. Во Февруарскиот поход од 1944 година, учествувале 40 борци од гостиварскиот регион, а неколку од нив го загубиле животот во борбата против окупаторот и тоа: Злате Малакоски, Васил Василески, Борче Јованоски, Крсте Гиноски, Слободан Пепоски, Светозар Спироски и Денко Дејаноски.
Одбележувањето на годишнината од Февруарскиот поход се заокружи со положување на цвеќе пред споменикот на народниот херој Чеде Филипоски-Даме, на градскиот плоштад.
Во рамките на операциите на големиот Февруарски поход се подразбираат борбените дејства што ги изведуваат единиците на НОВ и ПОМ од 31 јануари до 24 февруари, 1944 година, кои според интензитетот, целите, начинот на изведувањето и постигнатите резултати, носат белег на исклучително важни историски, политички и воени настани.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение