Поврзи се со нас

Гостивар

Сеќавање на хероите – Шест години од смртта на Горан и Ненад

Објавено

на

Денес се навршуваат шест години од крвавите кумановски настани во населбата „Диво насеље“, каде животот го загубија осум македонски бранители, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимоски од гостиварско Зубовце. За Гостивар 9-ти мај 2015-та година, останува ден на голема загуба и жалост. Во Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.

Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 година. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Серафимоски, познат како голем спортист и професионалец, загина на 28 годишна возраст.

Вооружената престрелка во Куманово започна рано утрината во 4:30 часот и траеше речиси непрекинато 28 часа. Животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Загинатите бранители постхумно беа одликувани со „Медал за храброст“.

„Шест години непребол и сеќавање нашите колеги, хероите од кои ги положија животите во Диво Насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината. Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР  уште еднаш апелира и  ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси. Сите ние, колегите од Македонскиот полициски синдикат, вработените во МВР како и сите граѓани секогаш ќе ја паметиме нивната храброст и секогаш ќе се сеќаваме на херојството.“, напишаа од Македонскиот полициски синдикат по повод годишнината од кумановските настани.

🏴Жарко Кузмановски с. Брвеница;
🏴Ненад Серафимовски с. Зубовце;
🏴Сашо Самојловски ,с. Брвеница;
🏴Бобан Ивановиќ,Скопје;
🏴Горан Илијевски,Гостивар;
🏴Исамедин Османи,Скопје;
🏴Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;
🏴Горан Стојменовиќ,Скопје.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 4 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 5 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 9 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 11 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 11 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 13 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 15 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена