Гостивар
Сеќавање на Тоше – 12 години од смртта на миленикот на балканската публика
На денешен датум, 16-ти октомври 2007 година, големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа. Дванаесет години од неговата трагична смрт, публиката се` уште го носи во срце како миленик на сите генерации и ги слуша неговите песни.
Тоше прв пат застана пред публиката на 11 годишна возраст на детскиот фестивал „Златно славејче“. Неколку години подоцна стана дел од фестивалските сцени низ земјава и неговата кариера тргна во нагорна линија. Издаде десетина албуми, одржа безброј концерти. Ја претставуваше Македонија на Евровизискиот избор во Турција во 2004-та година со песната „Ангел си ти“.
Беше познат и по својата хуманост и скромност како човек. Добитник е на хуманитарната награда „Мајка Тереза“ , а беше именуван и за регионален амбасадор за добра волја на УНИЦЕФ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија