Поврзи се со нас

Македонија

Секој четврти тестиран е ковид позитивен, со омикрон заразени 68%

Објавено

на

  • Shqip

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.

Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи.

Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Омикрон сојот е откриен во 12 градови – во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и Битола.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела.

Исто така, зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат.

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 238.061. Бројот на оздравени пациенти е 216.521, а на починати е 8.062.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Надлежните апелираат до граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement
Advertisement
Спортпред 41 минута

Продолжува кошаркарското првенство: КК Гостивар му гостува на Куманово

Вестипред 2 часа

Од денеска влез во Косово со потврда за три вакцини

Македонијапред 2 часа

Сибирски студ, внимавајте на голомразица!

Здравје и убавинапред 3 часа

Храна која ги зајакнува коските, особено додека старееме

Македонијапред 16 часа

Потврдени нови 2.071 случај на ковид во земјава

Гостиварпред 17 часа

Компанијата „ALMERO MATTRESS“ од Гостивар добитник на престижна награда од Индустриска Комора на Тирана (CCIT)

Гостиварпред 20 часа

Оглас за доделување на социјалните станови во Гостивар наскоро, најавуваат надлежните

Македонијапред 20 часа

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Гостиварпред 20 часа

Приведен 27 годишник од гостиварско по распишана потерница

Гостиварпред 22 часа

Колку пари ќе добијат партиите од Локалните избори во Гостивар: Еден глас 15 денари!

Македонијапред 22 часа

ДЗС: Просечната нето плата во ноември лани била 29 130 денари

Вестипред 23 часа

Во Австрија се воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

Што, како, каде?!пред 23 часа

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Македонијапред 1 недела

Дали ќе се продолжи зимскиот распуст и по кој модел ќе почне второ полугодие?

Македонијапред 2 недели

Горивата од полноќ со поскапени цени

Македонијапред 2 недели

Силен земјотрес во Грција почувствуван во Македонија

Гостиварпред 3 дена

Виктор Угриноски го извади светиот крст од Вардар на Водици во Гостивар

Вестипред 1 недела

Вечерва е Православна Нова година (Стара Нова), утре се празнува Василица

Гостиварпред 2 недели

Да нема дупло плаќање на гробиштата во Гостивар, предлог на советникот Адеми

Што, како, каде?!пред 2 недели

Нова неделна акција на Монтенегро Маркети

Македонијапред 2 недели

Објавен огласот за помош за сметките за струја на лицата со ниски примања

Гостиварпред 1 недела

Сучење на врвката за градскиот крст за Водици во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Инспекции за сертификати и протоколи низ локали во Гостивар и Тетово

Гостиварпред 1 недела

Гостивар: Приведени две девојки, го нарушиле јавниот ред и мир

Вестипред 4 дена

Православен празник Водокрст (Водопост)

Гостиварпред 3 дена

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2022 (Галерија)

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2022, Гостивар ја продолжи традицијата за Бадник

Македонијапред 1 месец

Убавините на пештерата Шаркова Дупка во Маврово (Фото)

Локални избори 2021пред 4 месеци

Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

Спортпред 5 месеци

КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

Спортпред 8 месеци

ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

Гостиварпред 8 месеци

Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

Гостиварпред 8 месеци

Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

Гостиварпред 8 месеци

Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

Гостиварпред 9 месеци

Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

Гостиварпред 11 месеци

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Гостиварпред 1 година

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Спортпред 1 година

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена