Поврзи се со нас

Гостивар

Секој ден по 6 часа прекин на сообраќајот на патот Галичник-Маврово

Објавено

на

На регионалниот пат што ги поврзува Галичник и Маврово, сообраќајот во наредниот период ќе биде во прекин секој ден по шест часа. ЈП „Македонија Пат“ почнувајќи од денес (14 август) ќе изведува градежни работи (асфалтирање) на патот.

„Асфалтирањето ќе се одвива во правец од Галичник према Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот при што сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.“, информира Автомото Сојузот на Македонија.

Од Месната заедница на Галичник нагласуваат дека зафатот е од голем аважност за животот и унапредувањето на туризмот во селото.

„Потсетуваме дека после 47 години, кога патот се градел во функција на ревитализација на Галичник, ова е трет сериозен зафат на овој дотраен асфалт, после зафатот на делот кај Царевец направен пред повеќе од 20 години и санацијата на свлечиштето која заврши пред два дена. Свесни сме дека работите се изведуваат во ек на туристичка сезона, но потсетуваме дека тоа е истовремено и единствена градежна сезона за овој тип работи и на оваа локација. Убедени сме дека за животот во Галичник и унапредувањето на туризмот, овој зафат е од исклучителна важност. Затоа, ве молиме за трпение и соработка во периодите во кои ќе се одвиваат работите“, соопшти МЗ Галичник.

Во врска со состојбата на останатите патишта, АМСМ информира дека сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена