Поврзи се со нас

Вести

Секој трет човек по 6 месеци од заразата со Ковид-19 има невролошки или психички проблеми?

Објавено

на

Секоја трета личност која била заболена со КОВИД-19 имала невролошка или психијатриска дијагноза шест месеци после прележување на вирусот, според досега најголемата студија, спроведена на лица кои досега се оздравени од вирусот.

Авторите велат дека студијата, објавена во списанието The Lancet Psychiatry, открила дека пациентите со COVID-19 имаат значително поголема веројатност да развијат мозочни заболувања отколку оние кои страдаат од други инфекции на дишните патишта.

Испитувајќи ги здравствените досиеја на повеќе од 230.000 пациенти кои се опоравиле од КОВИД-19, откриле дека на 34 проценти им е дијагностицирана невролошка или психијатриска состојба во рок од шест месеци.

Најчести состојби се анксиозност (17 проценти од пациентите) и нарушувања на расположението (14 проценти).

За 13 проценти од пациентите, нарушувањето било прва дијагноза на проблем со менталното здравје.

Инциденцата на невролошки нарушувања како што се церебрална хеморагија (0,6 проценти), мозочен удар (2,1 процент) и деменција (0,7 проценти) беше генерално помала отколку кај психијатриските нарушувања, но ризикот од нарушувања на мозокот генерално беше поголем кај пациенти кои имаа посериозни форма на КОВИД.

Авторите, исто така, испитувале податоци од повеќе од 100.000 пациенти со дијагностициран грип и повеќе од 236.000 дијагностицирани со каква било инфекција на респираторниот тракт. Откриле дека има целокупен 44% поголем ризик да се дијагностицира невролошко и ментално здравје по КОВИД-19 отколку по грип и 16% поголем ризик отколку со респираторни инфекции.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена