Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот

Објавено

на

Повеќе секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот. Ново истражување издвојува четири појави што можеби имаат најголемо влијание, или најлоши последици, во таа смисла.

„Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес. Сепак, она што е добро во цела оваа приказна е фактот дека токму овие навики најлесно се менуваат, вели доктор Рудолф Танзи, невролог во Општата болница на Масачусетс во Бостон“.

Премногу седење

Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сѐ тоа лошо влијае на здравјето на мозокот. Научен труд објавен во списанието „ПЛОС уан“, покажа дека премногу седење води до значителни промени во делот од мозокот што е клучен за помнењето. Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус – областа на мозокот која создава спомени, кај луѓе на возраст од четириесет и пет до седумдесет и пет години. Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови седење дневно.

Според наводите, оние кои седеле најдолго, имаат потенка медијална област. Истражувачите велат, состојбата на медијалната област може да биде признак на умственото опаѓање и деменција.

Недостаток од дружење

Осаменоста е поврзана со депресија и поголема можност за Алцхајмерова болест, а и тоа може да го забрза когнитивниот пад. Испитувања покажаа дека луѓе кои се помалку социјално активни, губат повеќе од сивата материја на мозокот – надворешниот слој одговорен за обработка на информации.

Несоодветен сон

Според наводите, третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон. Истражувањето во списанието „Слип“ посочува дека умствените вештини како што се помнење, расудување и решавање проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.

Хроничен стрес

„Тоа буквално ги уништува мозочните клетки и го намалува префронталниот кортекс – областа во мозокот одговорна за меморија и учење. Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни луѓе е пристапот кон сѐ, како работите да треба да бидат токму онакви какви што личноста ги замислува“, истакна Танзи.

Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции што го зголемуваат нивото стрес секогаш кога работите не одат како што се замислени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена