Локални избори 2022
Села во гостиварско Дебреше: Наша цел е граѓаните да бидат послободни, победуваме за нивно добро

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва беше во посета на гостиварско Дебреше, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари. Во селото тие остварија повеќе средби со граѓани.
„Пораките во Гостивар и во Дебреше ги пренесоа самите граѓани на 17-ти октомври. Граѓаните се многу свесни што треба да прават на 31-ви во недела и нормално дека во Гостивар градоначалник повторно ќе биде Арбен Таравари. Опозицијата на овие избори победува во општините со јасна порака дека промени доаѓаат за доброто на граѓаните. Наша цел е граѓаните да бидат послободни, а не како сега што прави овој режим и оваа држава-прават се’ да им оневозможи на граѓаните да зборуваат гласно. Но, тоа не можат да го постигнат ниту во Дебреше, ниту во Чегране, ниту во целиот Гостивар, граѓаните се свесни и знаат што прават.“, изјави Села.
Таравари на средбите им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во првиот круг на изборите и ги повика и во вториот да излезат на гласање и да го дадат својот глас според сопственото убедување.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја