Вести Гостивар
Село без интернет и без телефонски сигнал – се` оди преку пошта

Spiti Valley на Хималаите во северна Индија се смета за еден од највисоките населени предели на планетата Земја. Станува збор за студена планинска долина, каде условите за живот се прилично сурови.
Во овој предел, особено интересно е селото Хиким, кое држи необичен рекорд – има пошта на најголема надморска висина во светот, од 4.400 метри. Луѓето во ова место живеат многу скромно. Немаат интернет, а сигнал за мобилен телефон може да се фати само во еден мал одреден дел. Но, затоа поштенската канцеларија игра огромна улога во комуникацијата. Освен локалните жители, поштата ја користат и голем број туристи кои сакаат на своето семејство, роднини, пријатели да им испратат разгледница од „највисоката пошта на светот“.
До селото Хиким, нема добро уредена инфрактруктура, па така двајцата поштари се принудени секој ден да пешачат по десетина километри низ планински патичиња и непредвидлив терен, за да ги однесат писмата до местото Казу, од каде со автобус се префрлаат на напишаните адреси.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер