Поврзи се со нас

Гостивар

Селото на Попај, Преминот на џиновите… Пет необични места во Европа кои одземаат здив

Објавено

на

Европа е чудесен континет кој има многу природни и културни богатства кои ги посетуваат луѓе од целиот свет. Сепак во Европа се наоѓаат и некои необични места, кои не се толку познати, а кога ќе слушнете за нив, секако ќе посакате да ги посетите.

Кјерагболтен, Норвешка

Кјерагболтен е камен кој се наоѓа на планината Кјераг во Норвешка. Некој би помислил дека камен и не може да биде интересен, но кога би погледнале како стои помеѓу две карпи на висина од 984 метри, веројатно би го смениле мислењето.

Иако качувањето на оваја карпа е само за храбри, бидејќи навистина е потребна огромна храброст да застанете на карпа која лебди во воздух, може да ја посетат и оние кои, едноставно уживаат во необични формации на природата.

Majestic hanging stone, Kjeragbolten [Kjerag, Norway]

Селото на Попај, Малта

Оние кои ја посетиле Малта, веројатно слушнале за селото на познатиот морнар, бидејќи е вистинска атракција. Ова село е изградено пред неколку децении, кога е создаден и цртаниот филм. А денес не е необично да ги запознаете Попај и Олива, кои на влезот ќе ве почестат со чаша вино.

Покрај разгледувањето на необичното село, можете да уживате и во прошетка со бротче или во секојдневните претстави.

Popeye Village Malta, An Ageless Enjoyment in 2020 (With images)

Метеори, Грција

Многумина имаат слушнато за манастирите под облаци. Некогаш, на врв од карпа во Грција, имало многу манастири, а сочувани се само шест. Ова несекојдневно место, историчарите го објаснуваат со потребата на верниците да бидат потполно одвоени од светот, а покасно и од напаѓачите.

Денес е можно да се качите до манастирите по скали, а некогаш монасите се качувале со помош на јаже.

The Monasteries of the Meteora – Thessaly, Greece | Must See Places

Тинто, Шпанија

Реката Тинто тече низ градот Хуелва на југозападот од Шпанија. Самото име на реката, всушност значи “обоен“ на шпански јазик и името го добила поради својата црвена боја.

Подрачјето околу реката, со векови било рудник за бакар злато и други метали. После толку години рударство, високото ниво на железо, просто се растопило во реката, што всушност и направило да се добие ваква необична река.

Corta de Rio Tinto, Spain

Премин на џиновите, Северна Ирска

Преминот на џиновите е природен резерват кој се наоѓа во Северна Ирска. Ова природно чудо се состои од 40.000 базалтни столбови кои се наоѓаат на листата на светски наследства на УНЕСКО, поради необичниот облик.

Иако овие столбови, всушност, се резултат на вулканска ерупција, сеуште постои легенда за нив која вели дека ги изградил џин.

Giant's Causeway: the Science & the Story | IrishShop.comIrishShop.com

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена