Вести
Семејна драма во Врапчиште: Свекор и свекрва сакале да ги земат децата од снаата
Дваесет и петгодишна жена од селото Врапчиште, вчера попладне пријавила дека, околу 16 часот во домот на нејзините родители, каде престојувала со двете малолетни деца, дошле нејзиниот свекор и свекрвата со намера да и ги земат децата, нивни внуци од починатиот син.
Како што соопштуваат од полицијата, набрзо започнала меѓусебна вербална расправија во која учествувала и мајката на жената. Според нејзиното кажување, настанала мешаница, во која свекорот, извадил пиштол и ја удрил и повредил по главата.
На местото на настанот пристигнале полициски службеници од Полициската станица Гостивар. Свекорот бил лишен од слобода, пиштолот „ТТ“ со рамка со 7 куршуми, кој го поседувал без дозвола, му бил одземен. По целосното рачистување на сите поединости, а во координација со јавен обвинител, лицето ќе се соочи со соодветен поднесок, информираат од СВР.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград