Поврзи се со нас

Деца Родители

Семејни кризи – кои се нормални кризи, а кои завршуваат со развод?

Објавено

на

 

Кризите во семејството се резултат на стрес, предизвикан внатре во семејството или од надворешната средина. Семејните кризи може да бидат: развојни и неразвојни.

  • Развојни кризи – Потенцијалните брачни кризи ги опишуваме во рамките на животните циклуси во семејството. Тоа се таканаречени нормални, развојни кризи. Повеќето од семејствата ги надминуваат со сопствени сили и напори или со помош на стручните лица во советувалиштата.
  • Неразвојни кризи – Неразвојни кризи се резултат на промените надвор од семејниот систем. Тие врз него влијаат посредно или непосредно. Тоа се оние кризи кои се јавуваат во одреден животен циклус, но не се предизвикани со развојни задачи и промени во семејството. Тие се предизвикани со одредени случки, непредвидени ситуации или со долготрајно нарушување во односите меѓу членовите на семејството, најчесто помеѓу брачните партнери.

Неразвојните кризи се јавуваат кога е нарушена семејната рамнотежа. Доколку кризата не се разреши-семејството станува дисфункционално. Кризата се разрешува со одлука на еден или двајцата брачни партнери да се разведат.

Неразвојните кризи се последица на подолготрајната напнатост во меѓусебните односи. Тие можат да се манифестираат и со физичко насилство врз партнерот или децата, што претставува психо-патолошко и социо-патолошко пореметување.

Семејно насилство

Семејното насилство е најдобро чувана семејна тајна. Честопати партнерите надвор од семејството добро функционираат и надворешната средина не забележува траги на насилничко однесување.

Семејното насилство може да биде условено од личноста на партнерот, од психолошките нарушувања, а и од моделите пренесени од примарните семејства. Насилничкиот однос генерациски може да се пренесува како модел на однесување и решавање на проблемите.

Во стресни ситуации што може да бидат и најбанални, партнерите влегуваат во отворен судир  со навреди, со физичко насилство па дури и со напуштање на семејството. Тоа може да биде насочено и врз децата, што преставува еден од најлошите облици на злоставување.

Насилството во семејството мора да се сфати многу сериозно. Секогаш треба да се побара адекватна помош од компетентни институции за спречување односно прекинување на насилничкиот однос. Во некои семејства насилството се спречува со разделување на партнерите, односно со покренување на постапката за развод на брак.

(Следува- развод на брак)

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена