Македонија
„Семејните лекари СРЦЕ на здравствената заштита“.

Семејните лекари се срцето на здравствената заштита. Ако го нема срцето и столбот на здравствената заштита, ние можеме да добиеме колапс на здравствениот систем. Затоа што се започнува и завршува со матичниот лекар. Ова го истакна денеска доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина на прес – конференцијата, по повод Светскиот ден на семејниот лекар.
По тој повод Скопје од вчера до 21 мај е домаќин на петтиот Конгрес по семејна медицина и 25. Симпозиум со меѓународно учество, под мотото „Семејните лекари: Срцето на здраствената заштита“.
„Конгресот го посветивме поради зголемувањето на бројот на хронични заболувања. Пред сѐ дијабетот, хипертензиите и аритмиите, како едни од најчестите заболувања, но и кај средната и кај младата популација, точно предизвикани од самиот сарс ков 2 вирусот. Конгресот трае четири дена. Имаме голем број на светски гости, присутни реномирани професори, коишто ќе изнесат свои европски согледувања. Сѐ со цел да се подобри третманот на пациентите со хронични заболувања од страна на семејните лекари, рече Ѓорѓиевски.
На новинарско прашање, како ќе има рана дијагностика и навремено третирање, кога „Мој термин“ покажува оти за многу дијагностички процедури се чека најмалку три месеци за термин, тој одговори дека тоа е сериозен проблем.
„Секој семеен лекар е доволно обучен и компетентен да може на својот пациент да закаже одредена дијагностичка интервенција, при што побрзо би се доаѓало до дијагноза на заболување и понатамошен соодветен третман. За да можеме кога ги лекуваме болестите во рана фаза, имаме подобар исход, него во доцен стадиум. Ние во моментот мораме да закажеме на специјалист, каде што се чека по три месеци, па специјалистот да му закаже иследување уште за два три месеци, а тој временски период напреднало“, појасни Ѓорѓиевски.
На новинарско прашање околу дефицитот на лекари, како уште поголем проблем и кога се предвидува дека ќе снема и лекари по семејна медицина или матични лекари, како да се надмине тој проблем, одговори дека сѐ поголем е бројот на лекари коишто заминуваат од државата.
„Незадоволството е големо. Затоа што неколку пати упатуваме апели и до Фондот за здравствено осигурување и до Министерството за здравство, конечно да се решат проблемите. Се подготви една форма на закон за здравствена заштита, што веќе четири месеци седи во Министерството, иако се подготвени со помош на лекарската комора точките за тој закон. Никако не се донесува, а се решаваат значајни прашања и за младите доктори и за концесионерите коишто работат кај млади лекари, да можат да продолжат понатаму во тие ординации. Бидејќи ние губиме константно млади доктори и кои остануваат без работа поради нерешените прашања, одговори тој, информирајќи дека во склоп на денешниот ден, кога е 25 симпозиум и петти конгрес, ќе пуштат симболично 30 балони.“
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение