Поврзи се со нас

Гостивар

Семејно насилство во Гостивар – 6 случаи со телесни повреди, пријави и за психичко малтретирање

Објавено

на

Во првите три месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се вкупно 34 кривични дела поврзани со семејно насилство, од кои 26 на тетовското и 8 на гостиварското подрачје. Најголемиот број од кривичните дела-20 биле со нанесување на телесни повреди. Во Тетово такви случаи се 14, додека во Гостивар 6. Во едно од кривичните дела во Гостивар утврдена е повреда на семејни обврски.

„Сите дела целосно се расчистени и заокружени со соодветни поднесоци. Најмногу од сторителите на овие дела, односно од извршителите на семејното насилство во периодот за кој станува збор биле машки лица, претежно сопрузи, вонбрачни или поранешни сопрузи, потоа деца, родители и така натаму, додека меѓу „жртвите“ на ваквиот вид насилство најбројни се сопругите и татковците. Најчести причини за насилството и годинава се нервните растројства и болестите на зависност, пред се алкохолизмот.“, соопштува СВР.

Во првиот годинашен квартал до Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, биле поднесени и 65 поплаки кои се однесувале на семејно насилство, од кои во Тетово 48, а во Гостивар 17. Најмногу од оние на тетовското подрачје се поплакувале за физичко малтретирање, а на гостиварското за психичко и економско малтретирање. Сите поплаки се адекватно расчистени со поднесоци, информира полицијата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена