Гостивар
Семејствата чии домови изгореа, привремено згрижени во сместување обезбедено од Општина Гостивар и кај роднини
Осум семејства во Гостивар кои останаа без покрив над главата, откако домовите целосно им изгореа во голем пожар, ноќта ќе ја поминат кај роднини и во сместување обезбедено од Општина Гостивар.
Екипа на Gostivarpress.mk вечерва беше на местото на пожарот, каде затекнавме уште шест граѓани од опожарените домови, коишто чекаа на згрижување, оти како што рекоа, нема каде да одат. Во меѓувреме, со ангажман на Афердита Хамза од општинскиот Сектор за социјални прашања се обезбеди соодветно сместување за луѓето и тие ноќта ќе ја поминат на топло и безбедно. Од утре, според најавите од општината, ќе се организира и храна и други основни потреби.
Семејствата се‘ уште се вознемирени од трагичниот пожар и бараат помош од институциите. Според нивните кажувања, земјиштето на кое беа опожарените бараки е сопственост на Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор Тетово, претставници на претпријатието биле денес на местото, но велат, не понудиле конкретно решение да им обезбедат нови домови.
Како што утрово информиравме, во голем пожар целосно изгореа бараките на ул „Илинденска“ спроти техничкото училиште.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар