Гостивар
Семејствата на жртвите во автобуската несреќа бараат правда: Вистината нема да ги врати, но ќе даде некаква надеж

Семејствата на загинатите во несреќата со автобусот на Дурмо турс, на тригодишнината од трагичниот настан алармираа дека судска разврска за случајот се‘ уште нема и дека процесот непотребно се одолговлекува. Скршени од болка кажуваат дека нивната загуба е ненадоместлива, но правда мора да има.
„Заедно тагуваме, заедно ја водиме битката заглавени во судските лавиринти, битката за вистината и правдата. Свесни сме дека вистината нема да ни ги врати напите најмили, но ќе даде надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви трагедии. Поминавме 100 судски рочишта, голем број сведоци, вештаци, угледни професори, недвосмислено укажаа за причините и последиците на несреќата, и покрај тоа, има дополнително развлекување на случајот, супервештачења. Сто пати сме предочувале дека се‘ тоа е непотребно. И повторно се случуваат такви трагедии. До кога ќе трае верувајте и ние не знаеме.“, рече Синиша Ристоски од Гостивар, чиј брат Дејан загина во несреќата.
За семејствата е несфатливо како после три години нема пресуда за случајот.
„Анархија во судовите, за три години да нема судски епилог на ваква трагедија, што да се каже, знаат ли што прават. Едно рочиште, друго рочиште, трето рочиште, само се вртиме во круг, правдата уште ја нема. Болката не се надоместува со ништо, но ете да се реши, да речеш има суд“, рече Џеват Камбери, кој исто така изгубил близок во семејството.
За несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 граѓани, се води судски процес во Кривичниот суд во Скопје. Шест лица се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Од Кривичен пред месец и половина соопштија дека за да премине во завршна фаза предметот се чека на супервештачење, неопходно за затворање на доказната постапка и донесување првостепена пресуда.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош