Вести
Семејствата со ниски приходи може да се пријавуваат за бесплатен одмор
Втора година по ред, работниците со ниски примања ќе можат да користат бесплатен петтдневен одмор во некој од домашните туристички центри. Јавниот повик беше отворен неделава, поднесувањето на барањата трае до 31-ви мај.
За бесплатен одмор може да се пријават работници чии месечни примања во семејството не надминуваат 22.000 денари. Освен барањето треба да се достават и неколку други документи:
-потврда од работодавецот за висината на исплатена нето плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето како и на членовите на семејството, доколку се вработени.
– Доколку истите не се вработени потребна е потврда од Агенцијата за вработување со која тоа се докажува,
-фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и
-изјава дека барателот лично или со членовите на семејството кои се наведени во барањето ќе го користат одморот.
-изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци
За вонсезонски одмор во траење од пет дена во некој од трустичките центри во Македонија, за семејствата ќе бидат обезбедени по 15 илјади денари.
Барањата заедно со комплет документацијата се поднесуваат во Министерството за економија.
„Основна цел на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона“, соопштија од Министерството.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград