Деца Родители
Семејство со адолесцент – Родителите да бидат флексибилни, но да го задржат авторитетот

Семејство со адолесцент го опфаќа периодот на влегување на детето во пубертет до крајот на адолесценцијаата, меѓу 12 и 18 години. Во овој период од родителот се бара поголема флексибилност во однос на барањата на детето за поголема независност,и тоа како во погледите на животот,така и во однсеувањето. При тоа родителите треба да ги задржат својот авторитет, кој треба да биде заедничк и доследен,но максимално флексибилен, при што постојано ќе ги следи потребите и интересите на детето.
Периодот на адолесценција е подеденакво бурен период за детето и за семејството. Адолесцентот покажува зголемено интересирање за групата на врсниците како и за здобивање со поголема слобода,што може да доведе до конфликтни ситуации во семејството. Многу е опасно доколку родителите немаат заеднички родителски став во врска со чпотребите на адолесцентот. Во овој период семејството мора да развива поддршка и доверба кон адолесцентот за да може да ги искаже своите чувства, ставови и размислувања.
Претерано цврстите ставови на родителите преголемите барања на семејството создава услови на бунтовништво кај адолесцентот со отфрлање на сите норми и вредности на семејството. Без оглед на неговото однесување,колку адолесцентот и да ги отфрла вредностите на семејниот систем,сепак тој во себе ги носи и пренесува вредностите на родителскиот систем. Во оваа фаза адолесцентот ги учи семејните, партнерските и родителските улоги. Затоа е многу важен здравиот партнерски однос кај родителите. Семејството мора да му помогне да адолесцентот да ја развие својата индивидуалност,односно да почне процес на одвојување и осамостојување од семејството. Ова е период кога родителите го прават својот животен баланс на успесите и неуспесите,како на личен така и на личен и семеен и професионален план. Оваа фаза е исклучително кризна доколку родителите долг временски период живееле со неразрешени конфликти и недефинирани родителски улоги. Сите нереализирани цели и лични неуспеси можат да доведат до меѓусебно обвинување и конфликти повторно да се префрли врз детето, во релацијата „дете-проблем“.
( Следува Постродителско семејство – „семејство со празно гнездо“)
пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство
Центар за социјална работа – Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден