Поврзи се со нас

Деца Родители

Семејство со мало дете – Фаза на донесување многу важни одлуки

Објавено

на

Оваа фаза започнува со бременоста, раѓањето на првото дете до неговата тригодишна возраст. До раѓањето на детето мажот и жената ја имаат улогата на брачни партнери. Со раѓањето на детето тие добиваат и нова улога, улога на родители. Во оваа фаза брачниот пар станува семејство.

За време на оваа фаза брачните партнери треба да ја учат и родителската улога и да донесуваат важни одлуки:кој ќе се грижи за детето, кој што ќе работи, дали ќе прифатат помош од родителите како ќе се распореди работата во семејството…Кога детето ќе наполни една година почнува процесот на воспитување. Родителите треба да се договорат кој ќе биде авторитет за детето, дали носител на авторитетот ќе биде мајката, таткото или двајцата. Ова е важно заради структурата во семејството, а особено во однос на хиерархиската поставеност. Доколку родителите се борат за наметнување на силата и авторитетот, како меѓу себе така и со своите родители кај детето ќе создадат конфузија и недоумица кое и чие правило треба да почитува и прифаќа.

За овие прашања партнерите треба отворено да разговараат и да постигнат договор околу решенијата на спорните елементи. Раѓањето на детето бара реорганизација и воспоставување на нова семејна структура во односите кон членовите на примарните семејства. Родителите на партнерите добиваат нова улога на баба и дедо. Кај нив се јавува уште поголема желба да бидат  во функција и од корист на своите деца. Тоа е добра позиција доколку младиот пар го прифаќа и доколку улогата на членовите на примарното семејство е конструктивна и добонамерна, а не во функција на докажување на неспособнота и некомпетентноста на младиот родител.

Во фазата на транзиција на семејниот систем, дедовците и бабите би трбало да бидат понастрана и да им дозволат на новите родители да бидат родителски авторитет. Никој при тоа не би тебало да им пречи при воспоставување на нов тип односи со своите внуци. За многу баби и дедовци тоа е пријатен период  шти нуди блискост без сите оние одговорности кои ги бара родителството. И останатите членови на поширокото семејство може да бидат од голема помош за олеснување на влезот во родителството со пренесување на знаење и искуство, давајќи им притоа безрезервна, практична и емоционална поддршка на родителите.

Напнатоста околу раѓањето, преземањето на родителската улога, промените во односите меѓу родителите, може да доведе, оваа фаза во животниот циклус на семејството да биде критична со висок кризен набој или потенцијал. За тоа сведочи искуството од голем број на разводи токму во оваа фаза.

На младото семејствотрба да му се овозможи да ги најде сопствените механизми потребни за исполнување,како на личните така и на семејните цели. Тука се мисли на професионалната афирмација и на кариера кај младите партнери, односите со пријателите и роднините, самостојноста во одлучувањето, развивањето на одговорност во врска со исхраната, заштитата, грижата и љубовта кон детето. На тој начин младото семејство може да го подигне квалитетот на живеење, а при тоа да ги задржи добрите односи со роднините и пријателите.

(Следува Семејство со предшколско дете и школско дете)

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 27 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена