Поврзи се со нас

Деца Родители

Семејство со претшколско и школско дете – Каде грешат родителите?

Објавено

на

 

Оваа фаза на циклусот од семејството започнува од три годишна возраст до поаѓање на детето во училиште. Пред родителите се поставуваат многу обврски, на детето да му се овозможи развој на сите сфери:социјална, педагошка и психолошка. Овој процес треба да се развива во атмосфера на заштита, грижа и сигурност што родителите му го обезбедуваат на детето. Во предшколската возраст детето поминува низ многу битни фази на психо-сексуален развој во кои детето има потреба од нежност и грижа. Но, истовремено детето се подготвува и за своето одвојување од своето семејство, родителите во оваа фаза го социјализираат, го внесуваат во релации со луѓето и воспитуваат детето и на тој начин вршат влијание врз развитокот на неговата личност. Со своето однесување и меѓусебни односи тие стануваат модел на идентификација кај детето.

Детето се навикнува на некои социјални правила ( во игра со врсниците, однесувањето во градинка, контактот со роднините и слично). Во оваа фаза може да се појават проблеми поврзани со родителството, но и со активирање на брачните проблеми кои останале нерешени во претходните фази. Со цел тие да се покријат, се прикажуваат како проблеми со детето, кои најчесто се поврзуваат со неговите навики, спиењето, исхраната, социјализацијата и слично.

За сите овие проблеми родителите треба отворено да разговараат дали се поврзани со детето или во позадина се крие некој нивни брачен проблем.

Со поаѓање на детето во училиште се означува почетокот во нова фаза која завршува со влегување на детето во пубертет. Во училиште детето треба да гради спечифични и самостојни односи со врсниците и наставиците. Семејството станува чувствително на информации кои ги добива за детето, од наставниците, училишните педагози, психолози, од родителите на неговите другарчиња и сите оние кои детето го гледаат во околината, односно надвор од семејството. Сето ова влијае врз семејните односи, на тој начин семејството почнува да ги преиспитува односите во врска со испитувањето и нивниот удел при формирањето на личноста на детето.

Оваа фаза бара нови промени и адекватно прилагодување, подеднакво и од детето и од семејството, кон барањето на надворешната средина. Тешкотиите во прилагодувањето на детето кон училишната средина и врсниците, може да биде знак дека детето не е доволно емоционално созреано или родителите имаат пренагласен заштитнички однос кон детето.

Оваа фаза во животниот циклус на семејството има потенцијал за создавање на криза. Родителите треба да покажат многу трпение кон детето кое допрва се здобива со некои основни знаења, но и доволно упорност и доследност за да го воведат детето во здрав однос кон работата и одговорноста.

( Следува: Семејство со адолесцент)

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа

Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 12 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 13 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 14 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 15 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 17 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 18 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 18 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена