Поврзи се со нас

Македонија

Семејство со новороденче од Македонија чека евакуација од Харков

Објавено

на

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од тие 50, како што информира тој, 20 се во Киев, останатите се во други градови низ Украина. Сите граѓани од Одеса се извлечени. Според информациите со кои располага МНР, повикот за напуштање на Украина пред започнување на воените конфликти го искористиле околу 20 граѓани, а од 24 февруари успеале да извлечат околу 30 наши граѓани низ безбедносни коридори коишто биле создадени во соработка со нашите партнери.

Од тие 30, пак, како што информира Османи, 15-ина се монитори во рамките на специјалната мониторинг мисија коишто веќе се извлечени преку ОБСЕ. Тој процес, посочи, се координира заедно со Генералниот секретаријат на ОБСЕ во Виена и генералната секретарка Шмит, додека 15 наши граѓани цивили се извлечени во партнерска соработка со други држави, пред се со Република Бугарија, шестмина од Одеса преку Генералниот конзулат на Република Бугарија во Одеса и 10 од Киев вчера во конвој кој го обезбеди Република Бугарија повлекувајќи 200 нивни граѓани којшто ги презема и овие наши 10 граѓани.

Очекуваат денеска да ги извлечат останатите ОБСЕ монитори од Украина.

– Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат континуирано на терен. Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно, рече Османи.

Министерот информира дека очекуваат денеска да извлечат едно семејство со петдневно бебе, кое се наоѓа во Харков, Украина, каде се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот.

– Има едно семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот. Ние сме во постојана комуникација со нив. Тие реално не можеле да одговорат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување којшто се случил неколку дена пред руската инвазија, информира Османи.

Тој посочи дека ги упатиле нашите граѓани доколку најдат начин да стигнат до конзулатите на државите со кои имаме направено договор да ги преземаат како нивни граѓани, тоа да го направат.

Има ситуација и со наши граѓани – транспортери кои се на границата помеѓу Украина и Полска кои носат роба од Русија, рече Османи и додаде дека поради воениот конфликт кој се случува додека се тие во Украина, украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони.

Тие, информира Османи, се на безбедно, сами можат да излезат лично, меѓутоа не можат да излезат со нивните камиони, односно со стоката.

– Комуницираме со нив, се јавуваат и коморите, неколку дена се во нивните камиони. Комунициравме ние и со украинските власти коишто имаат многу други приоритети сега отколку оваа наша ситуација во која што се наоѓаме, нашиот амбасадор од Варшава замина на самиот граничен премин, се виде со овие транспортери да се обиде да помогне, меѓутоа тоа тешко оди – украинските власти не пуштаат продукти коишто се дојдени од Русија. Продолжуваме со активности и за овие луѓе коишто не се во безбеден ризик, меѓутоа тука се работи повеќе за економски последици што би ги претрпеле они заради тоа што камионите не ги пуштаат, рече Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот информира дека за евакуација на нашите граѓани досега имаме договор со Бугарија, со Полска, Романија, Молдавија, со балтичките држави со кои имаме комуникација. Меѓутоа, како што рече, земјите кои се околу Украина ни беа најважни за да имаме договор. Вчера комуницирале и со Турција. Турција испратила воз до тие региони и ќе се обидат денеска да ја продолжат таа комуникација за да може и преку турскиот коридор да ги извлечеме нашите граѓани.

Денеска на Влада, како што посочи Османи, ќе разговараат за координирање на активностите во врска со евентуален бран бегалци.

– Украинската амбасада ни прати нота со која бара доколку се појават украински граѓани на нашата граница да бидат ослободени од имањето на тестови, вакцинален статус итн. за да можеме ние тоа да го направиме доколку се со статус на бегалци. Меѓутоа МНР во оваа првична подготвителна фаза ги координира тие активности за да се утврдат капацитети колку имаме доколку има евентуален бран на бегалци и кои би биле мерките што требаат различните институции вклучувајќи ги МВР, МТСП и така натаму за да ги преземат за да целиот тој процес промине без поголеми пречки и опструкции, информира Османи.

Овој петок, додаде, ќе патува во Брисел бидејќи НАТО свика министерски состанок на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена