Гостивар
Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Основната клетка на општеството – семејството е под силен удар на современиот начин на живот, разнишаните морални вредности, негативното влијание на интернетот и содржините коишто се пласираат, но и мешање во брачните односи од страна на пошироката фамилија.
Семејството е во криза од загрижувачки размери, согласни се психолозите. И во регионот на Гостивар се бележи значително зголемување на бројот на разводи. Бракови се распаѓаат како кула од карти, честопати и од банални причини.
„Јас работам во Центар за социјални работи, во брако-разводни постапки и на странките им велам „разводот е полош од смртта“, подобро да умрел партнерот, отколку да се разведеш. Развод е нешто најлошо што може да му се случи на човекот. Постои цела медиумска кампања преку западни, па и турски серии, кои тоа го направија како комедија. Таа се разведува на пример, има другарки кои ја поддржуваат, сопругот два пати и кажал погрешен збор, таа не може да трпи, се разочарува и така ние гледаме 100 епизоди. Значи се форсира идеја за разводот дека тоа е нешто опуштено, нормално, многу ок. Но, во животот не е тоа така…Брак не е забава, бракот е обврска, ако не си подготвен на тоа немој да се жениш, остани самец, не формирај семејство. Ако се нафаќаш, сфати дека тоа е сериозно, не е како на филм.“, истакна психологот Билен Карахасан во емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ во продукција на Gostivarpress.mk и сподели податок дека во поширокиот гостиварски регион годишно се регистираат и по 400 разводи.
„Ние имаме стапка на разводи рамна на Франција, над 400 разводи годишно и тоа разводи со деца. Може да кажам дека 80% од разводите се поради мешање на татковци, мајки, тетки, прашај господ на кој.“, кажа тој.
Во денешните семејства елементите на дисфункционалност и кавгите не се ретка појава, а од тоа страдаат децата.
„Целокупниот социјален економски колапс придонесува во семејствата да настане дисфункционалност, почести конфликтни состојби, меѓусебно обвинување меѓу партнерите, а за жал такви сцени многу често се случуваат пред децата. Основата која треба да му пружи на детето, на младиот човек поддршка, систем на вредности, доверба, е нарушена. Така младата личност се чувствува со намалена самодоверба, има нагативни промени, кризи, несоодветна социјализација, денешното модерно време носи многу последици во таа насока“, подвлече во истата емисија, психологот Моника Наумовска.
Како голем проблем за младата генерација, стручните лица ги посочуваат преголемото влијание на социјалните мрежи и недостигот на социјално учење од вистинскиот живот.
„До сега имавме еден традиционален образец на живот, било во кој систем да сме живееле. Имаше ред, се знаеше каде е местото на постар, на помлад. Ние како деца ги слушавме постарите што зборуваат, како зборуваат, кога се лутат, како се лутат, како ги решаваат проблемите и тоа беа живи приказни за нас, ние учевме од тоа. Тоа беше процес на социјално учење, а тоа денес го немаме, после илјада години. Нашите деца не знаат ни кој е постар, ни кој е помлад, ни како да воспостават релација, во секој дом децата се со телефоните по ќошеви. Ги продадовме мозоците на нашите деца на таа црна кутија, мобилниот телефон, над која немаме контрола.“, рече Карахасан.
Целата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ во која од повеќе аспекти ја дискутираме темата „Ментално здравје“ , може да ја погледнете на јутуб каналот на Gostivarpress.mk.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар