Гостивар
Сеноќно бдение во петок во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат.
„На 23 јуни (петок) 2023 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја“, стои во соопштението на манастирот.
Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996).
Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест“.
фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо