Поврзи се со нас

Гостивар

СЕОУ „Гостивар“ го објави протоколот по кој ќе се вршат уписите на 16 и 17 јуни

Објавено

на

На 16 и 17 јуни, започнуваат уписите на матурантите во средните училишта во земјава. Поради пандемијата годинава уписите ќе се вршат под посебни услови, СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар со цел заштита на здравјето на новите ученици и вработените во училиштето подготви детален протокол по кој ќе се спореведува запишувањето во прва година во учебната 2020/2021 година. Протоколот го пренесуваме во целост, подолу може да ги преземете на албански и турски јазик.

П Р О Т О К О Л

За постапување на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар за време на запишување на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година

  • Запишувањето на учениците во прва година во Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар ќе се одвива во период од 07:00 до 19:00 часот
  • Вработените во училиштето задолжително да користат заштитна опрема, маски и ракавици
  • Со одлука на директорот на училиштето се формираат тимови со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, и тоа по 2 (две) одговорни лица пред, 2 (две) одговорни лица внатре и 1 (едно) одговорно лице на излез од училиштето
  • При чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето се поставуваат ознаки со кои ќе се означи правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание
  • Влезот во училиштето се организира од една страна, а излез од друга страна
  • Организирање на 3 (три) приемни места во училиштето за прием на потребните документи за упис согласно конкурсот
  • Овозможување на влез на 3 (три) ученици истовремено во училиштето согласно предвидените приемни места
  • Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 (еден) родител/старател, кој при влез во училиштето треба да носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот
  • Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно пополнета пријава за запишување, која се презема од веб страната на Министерството за образование и наука
  • На учениците/родителите кои немаат можност пријавата за запишување да ја преземат од веб страната на Министерството за образование и наука истата ќе им ја обезбеди училиштето
  • Пред влезот во училиштето, внатре во училиштето, во просториите каде се врши запишување и на излез од училиштето ќе бидат поставени средства за дезинфекција
  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите, просторот во училиштето, одржување на тоалетите, а на крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција

ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу Вас, пред и во училиштето
  • Почитувајте ги препораките на одговорните лица, влегувајте во училиште еден по еден, т.е. откако одговорното лице ќе Ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето
  • Не се задржувајте повеќе од 5 до 10 минути во училиштето
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ГИ ПОЧИТУВАТЕ МЕРКИТЕ,
ЗАТОА ШТО АКО СЕ ШТИТИТЕ СЕБЕ СИ, ГИ ШТИТИТЕ И ДРУГИТЕ!

Протоколите од СЕОУ Гостивар – Гостивар може да ги преземете на:

Албански јазик ТУКА
Турски јазик ТУКА

Во Средното економско училиште Гостивар, за учебната 2020/2021 годинава во I (прва) година можност да се запишат ќе имаат 442 ученици, во 13 паралелки, (170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 238 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик). Уписите ќе продолжат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 8 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 10 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 12 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 12 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 13 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 14 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 16 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 18 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена