Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Средното економско училиште во Гостивар ги отвора вратите за прием на 442 ученици во прва година

Полуматурантите имаат околу четириесет дена  време да одлучат каде ќе го продолжат своето образование. Средното економско училиште во Гостивар ги отвора вратите за прием на 442 ученици во неколку атрактивни образовни профили. Деталите околу условите за запишување се објавени во огласот:

О Г Л А С
за запишување на ученици во
I (прва) година за учебната 2019/2020 год.

I . БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во I (прва) година ќе се запишат 442 ученици, во 13 паралелки, (170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 238 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за економско – правна и трговска струка од  четири годишно траење  и тоа:

–       Македонски наставен јазик

Образовен профилБрој на ученициБрој на паралелки Минимум поени
Економски техничар682 60
Правен техничар682 60
Бизнис администратор341 60

 

–       Албански наставен јазик

Образовен профилБрој на ученициБрој на паралелки Минимум поени
Економски техничар1023 60
Правен техничар682 60
Бизнис администратор682 60

 

–       Турски наставен јазик

Образовен профилБрој на ученициБрој на паралелки Минимум поени
Економски техничар341 60

  

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да ги исполнуваат критриумите со овој оглас.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

-За I (прва) година :
При пријавување, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– Оригинални свидетелства од IV до IX одделение;
– Дипломи (доколку имаат), од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрајчје);
– Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање)

Пријавувањето и запишувањето на ученици се врши во еден уписен рок со три пријавувања две во месец јуни и едно во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18.06.2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето ќе се објават на 19.06.2019 година.

Целосните огласи на СЕОУ Гостивар со сите услови и уписни рокови може да ги преземете од следните линкови:

Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2018/2019 год Македонски јазик.
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2018/2019 год Албански јазик. 

(комерцијална објава)

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно