Поврзи се со нас

Гостивар

Крајно сериозна состојбата со ковид во Гостивар: 50-тина хоспитализирани, редици за тестирање…

Објавено

на

Регионот на Гостивар станува ново жариште на коронавирус. Болничките капацитети се полнат со пациенти на кои поради компликации им е неопходна хоспитализација. На инфективното и на интерното одделение во гостиварската болница од ковид се лекуваат 50-тина лица со средно тешка и тешка кличинка слика. Пациенти амбулантски се лекуваат и во објектот на поранешна дијализа.

„Одделението е преполно, имаме неколку пациенти кои се на кислородна поддршка, останатите се со средно-тешка состојба. Праќаме и на интерно, полесните ги третираме на дијализа, тие примаат терапија се враќаат дома, па утредента повторно доаѓаат по терапија. Таму имаме осум кревети. Повеќето хоспитализирани пациенти се над 60 години, со коморбидитети, помалку имаме помлади пациенти. Ние колку што можеме се бориме за секој пациент, заедно со екипата. Апелот до граѓаните секогаш е ист, да се носи маска, да се одржува дистанца и редовна хигиена. Тоа мора да се почитува, ситуацијата е сериозна“, изјави д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Епидемиолошката служба е преплавена со граѓани коишто се тестираат за коронавирус. Утрово пред влезот имаше голема редица на пациенти препратени од матичните лекари за тест поради симптоми, како температура, кашлање и слично. Веќе започна и тестирање со брзи ковид антигени тестови, кое се спроведува од страна на Здравстениот дом, во објектот на Трудова медицина.

Бројката на активно болни во општините Гостивар, Врапчиште и М.Ростуше моментално е 639. Вчера беа регистрирани рекордни 84 новозаразени.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена