Поврзи се со нас

Македонија

Сертификатот за вакцинација во се‘ повеќе земји станува секојдневие, велат од МЗ

Објавено

на

  • Shqip

Министерството за здравство соопшти дека во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас.

Делта сојт на СарсКов2, како што се посочува, ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично.

„Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат во сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот. Во обид да се зачува јавното здравје и да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени, што претставува ризик од преоптоварување на здравствените системи, сè повеќе земји воведуваат задолжително приложување на вакцинален сертификат за своите граѓани, за непречено користење на јавните места и услуги“, информираат од Министерството.

Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати, кои во Австрија се сè уште неопходни за посета на ресторани, хотели и спортски центри. Вакви мерки се актуелни и во Португалија и Ирска, додека во Луксембург се построги и вакциналниот сертификат е задолжителен и при влез во маркетите.

Приложувањето на сертификат за вакцинација во затворените угостителски објекти минатиот месец стапи во сила и во соседна Грција, со цел во туристичката сезона да се заштитат домашните работници, но и големиот број странски туристи кои влегуваат во земјата.

Според одлуката на Владата на Италија, пак, за престој во затворени простории, граѓаните е неопходно да приложат документ за вакцинација за примена барем една доза, доказ за имунизација по природен пат, односно прележување на вирусот или негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа. Вакциналниот сертификат во Италија е задолжителен за наставниците, граѓаните кои користат јавен превоз, за влез во кината, музеите и на спортските настани, но и за гостите во рестораните. Сертификат ќе им биде потребен и на студентите, додека вработените кои нема да приложат доказ за имунизација пет дена последователно, ќе бидат суспендирани од работа и нема да го остварат правото за добивање плата, бидејќи ќе претставуваат ризик за останатите граѓани.

Четвртиот бран на Ковид-19 предизвика пораст на инфекциите и во Франција, каде во сила стапија мерките за задолжителна вакцинација на здравствените работници и приложување на сертификат или негативен ПЦР тест за присуство на јавни места, настани со масовна посетеност и користење јавен превоз. По стапување на мерките, билансот на населението со две примени дози од вакцината изнесува 50 отсто. Покрај европските, повеќе земји во светски рамки, меѓу кои и САД, воведуваат задолжителна вакцинација за одредени категории на граѓани, но и задолжителен сертификат за имунизација за посета на јавни места, користење на јавните добра и услуги, со цел да го ограничат масовното ширење на вирусот и да го заштитат здравјето на населението, потенцираат од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека за разлика од други земји, каде за одредени категории професии вакцинацијата кај нив е задолжителна, кај нас таа е прво на избор.

Но, посочуваат, ја потенцираме важноста од вакцинација, затоа граѓаните кои досега не се вакцинирале, се двоумат, имаат дилема околу вакцинирањето, да се охрабрат и што побрзо да примат вакцина.

-Вакцините се безбедни и ефикасни, штитат од компликации на болеста и смртен исход. Само со масовна имунизација може да спречиме ширење на мутации на Ковид-19, порачуваат од Министерството за здравство.

Сподели на:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Анкета:

Дали треба да се скрати работното време на администрацијата во петок на 4 часа?

Advertisement
Advertisement
Вестипред 17 минути

Вештачката интелигенција во борбата против смртоносните вируси

Гостиварпред 2 часа

Основниот суд Гостивар ги отвора вратите за граѓани, студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

Македонијапред 2 часа

ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

Гостиварпред 3 часа

25 годишна девојка приведена и задржана во ПС Гостивар

Што, како, каде?!пред 5 часа

Нова неделна акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 5 часа

Викенд временска прогноза

Што, како, каде?!пред 6 часа

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Вестипред 7 часа

Славниот актер Алек Болдвин ја застрела директорката на фотографија на снимање на филм

Македонијапред 18 часа

Уапсена жена во Гостивар за издржување 12 годишна затворска казна

Здравје и убавинапред 19 часа

Кога треба да се запре со тренингот?

Македонијапред 22 часа

Тестирани за коронавирус 3.073, позитивни 490

Гостиварпред 23 часа

Топол дом за сите-DAVA Гостивар донира дрва за огрев на сиромашни и згрижува бездомници

Гостиварпред 24 часа

Над 200 напади, тепачки, навреди на службено лице во Гостивар за девет месеци

Вестипред 6 дена

КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ 2 во Скопје

Гостиварпред 2 недели

Гостиварка со повик до кандидатите за градоначалник: Потпишете декларација за лицата со посебни потреби

Гостиварпред 4 дена

Гостиварци се мобилизираат за помош на семејството на малата Лена

Гостиварпред 1 недела

Пофалница и награда за Тамара од Гостивар, како еден од најдобрите дипломци на УКИМ

Гостиварпред 2 недели

Три нови потврдени случаи на коронавирус во Гостивар, во земјава 344

Локални избори 2021пред 2 недели

Лимани: Гостивар ќе добие специјален мост со рампи на Вардар

Локални избори 2021пред 1 недела

Бејта: За само 100 дена Гостивар ќе биде чиста општина, еве ги првите 24 проекти

Гостиварпред 2 недели

Над 200.000 евра е највисоката добивка во Гостивар од игри на среќа лани

Гостиварпред 1 недела

Во дел од Гостивар денес ќе нема струја неколку часа

Македонијапред 1 недела

Здравствените власти не очекуваат нов силен ковид бран, наскоро во кафуле само со 2 дози вакцина

Локални избори 2021пред 1 недела

Проект за модерен и инклузивен плоштад во Гостивар презентира АА/А

Што, како, каде?!пред 2 недели

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Културапред 2 недели

Битолскиот театар со награда за најдобра претстава на фестивалот „Отело“ во Гостивар

Локални избори 2021пред 2 недели

Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

Спортпред 2 месеци

КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

Спортпред 5 месеци

ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

Гостиварпред 5 месеци

Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

Гостиварпред 5 месеци

Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

Гостиварпред 5 месеци

Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

Гостиварпред 6 месеци

Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

Гостиварпред 8 месеци

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Гостиварпред 9 месеци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Спортпред 1 година

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Спортпред 1 година

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

Гостиварпред 1 година

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Спортпред 1 година

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

Отворени работни места во Полог:

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!