Поврзи се со нас

Вести

Северна Кореја лансираше 80 артилериски проектили, Јужна Кореја подигна борбени авиони

Објавено

на

Северна Кореја во текот на ноќта истрела околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона, соопшти денеска Јужна Кореја.

Северна Кореја вчера истрела повеќе проектили во морето, вклучително и можно неуспешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера СAД и Јужна Кореја да ги обноват воздушните вежби што предизвикаа незадоволство и протест кај Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека регистрирала повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од страна на Северна Кореја, почнувајќи непосредно пред полноќ, а потоа и во текот на ноќта.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони што летале северно од воената граница повеќе од четири часа.
Севернокорејски авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од Воената демаркациона линија, објави во соопштението јужнокорејската војска.

Како одговор, Јужна Кореја лансираше 80 авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35А.

На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, ја потврдија нивната посветеност да бараат нови мерки за двете земји, со цел да ја покажат „решителноста и способностите“ на алијансата, по повторените провокации на Северна Кореја, според заедничко соопштение.

Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни лансирања оваа година, вклучувајќи најмалку 23 проектили само во средата и интерконтинентални балистички ракети во текот на вчерашниот ден.

Дипломатите објавија дека Вашингтон денеска побарал на отворена седница, Советот за безбедност на ОН да расправа за Северна Кореја, што го поддржале и некои други членки – Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка.

Во последниве години, 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше поделен околу Северна Кореја, а во мај, Кина и Русија ставија вето на напорите на САД да воведат дополнителни санкции на ОН како одговор на новите ракетни лансирања на Пјонгјанг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ИСТРАЖУВАЧКА анкета

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 58 минути

Во црквата „Свети Ахилиј Лариски“ во Требиште почнаа конзерваторски работи

Спортпред 2 часа

КК Гостивар против Чаир 2030 ќе се обиде да се врати на победите

Гостиварпред 2 часа

Во Гостивар се подготвува Акциски план за лицата со посебни потреби, формирана е работната група

Македонијапред 5 часа

Аплицирањето за студентски стипендии завршува во понеделник

Македонијапред 6 часа

ЗНМ избира нов претседател

Македонијапред 9 часа

Магла на Стража

Здравје и убавинапред 9 часа

Можни причини за главоболка наутро

Занимливостипред 21 час

Најстариот ресторан во светот работи речиси 3 века, печката никогаш не се гасне

Гостиварпред 1 ден

Средба на УЈП со жени претприемачки во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во контроли на превозот на ученици во Гостивар и Тетово откриени 13 прекршоци

Гостиварпред 1 ден

Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон полициски службеници

Гостиварпред 1 ден

Лукаревска во посета на Центарот за аутизам во Гостивар, даночниците донираа опрема

Спортпред 1 ден

СП2022: Познати шест осминафинални двојки, се бараат уште две

Гостиварпред 6 дена

Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја

Гостиварпред 1 недела

Приведен 20 годишник на патот Маврови Анови-Дебар, физички се пресметувал со брачен пар

Интервјупред 2 дена

ИНТЕРВЈУ со Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф по повод 10 години епископски чин

Гостиварпред 7 дена

Шествековната црква во Леуново заштитена од ризик, жителите горди и благодарни

Гостиварпред 2 недели

Гостиварци со 3-то место на Младинското екипно првенство во шах

Гостиварпред 1 недела

Секој заслужува радост! Донаторска акција во Гостивар за децата од Дневен центар и ранливи семејства

Гостиварпред 1 недела

Фудбалерите и ФК Гостивар во хумана акција за помош на загрозени семејства

Гостиварпред 2 недели

Пет лица уапсени во Гостивар заради бесправна градба на објект

Спортпред 2 недели

КК Гостивар без проблеми против Струмица за „шест од шест“

Вестипред 2 недели

Турски воздушни напади врз курдски позиции во Сирија и Ирак

Гостиварпред 1 недела

Нова фасада и прозорци во училиштето во Циглана

Гостиварпред 2 дена

Ќе има ли новогодишно украсување на Гостивар?

Гостиварпред 1 недела

Гостиварци фатени со дрога во тетовско Камењане

Гостиварпред 2 недели

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 4 недели

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 1 месец

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 2 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 2 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 2 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 3 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 4 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 4 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 4 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 5 месеци

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 6 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена