Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сезона е на дињи – јадeте ги што повеќе

Објавено

на

Дињата е омилен десерт на многумина за време на жешките летни денови, и не е тајна дека има бројни лековити ефекти. Составот на самата диња покажува што се можете да најдете во ова овошје. Една порција од 150 грама диња содржи: 53 калории, 0,3 гр маснотии, 13 гр јаглени хидрати, 1,4 гр влакна, 30% од дневната количина на витамин А, 78% од дневната количина на витамин Ц.

Кај некои сорти измерени се 100% од дневните потреби на витамини А и Ц. Ова вкусно овошје е богато со антиоксиданти холин, зеаксантин и бета-каротин, кои обезбедуваат заштита од голем број на болести – од обичната настинка до карцином. Бидејќи 90-95% од неговиот состав е вода, тој е идеален плод за хидратација за време на жешките летни денови.

Лековити својства на динњата:

1. Го штити очите

Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите – бета-каротин (од кој се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Зеаксантинот е важен каротеноид кој се апсорбира во мрежницата на окото каде делува како антиоксиданс и како УВ заштита. Неколку студии покажаа дека каротеноидите го забавуваат деструктивниот процес во мрежницата и мрежниот пигмент што доведува до макуларна дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата што обично се јавува кај постари лица).

Бидејќи бројни студии индицираат дека тешкиот недостаток на витамин А и Ц може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, па дури и слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.

2. Штити од воспалениа

Холин е важна хранлива материја во дињата, која помага за подобро спиење, учење и меморија. Исто така е важно за одржување на еластичноста на клеточните мембрани, пренесување на нервните импулси, искористување на маснотиите и намалување на хронично воспаление. Редовното консумирање на диња помага во намалување на оксидативниот стрес и со тоа се намалуваат воспалителните процеси што можат да доведат до развој на артритис. Воспалението во организмот е исто така поврзано со развој на метаболички синдром, што значи група на метаболички нарушувања. Овие нарушувања се манифестираат како отпорност на инсулин, акумулација на масно ткиво во абдоменот (абдоминална или централна дебелина), високо ниво на холестерол и висок крвен притисок. Студиите покажаа дека жените, кои консумирале 350 грама овошје на ден, имале значително помал ризик од развој на овој синдром. Студијата вклучува дињи, јаболка, грозје, лубеница и банани.

3. Го намалува ризикот од астма

Ризиците од развој на астма се помали кај луѓе кои консумираат поголеми количини на одредени нутриенти. Еден од нив е бета-каротин, кој се наоѓа во жолто и портокалово овошје како дињи, тикви, моркови и зелен лиснат зеленчук како спанаќ. Витаминот Ц е исто така важна хранлива материја која штити од астма, помага против губење на кислород и го намалува ризикот од алергиски реакции, а дињата го содржи во големи количини.

4. Заштитува од карцином

Дињата е богат извор на антиоксиданти кои играат заштитна улога во зачувувањето на здравите клетки на организмот од оштетување и воспаление што може да доведе до карцином. Така, многу студии заклучиле дека дињите можат да бидат корисни во спречување на рак на дебелото црево, простата, дојка, ендометријален, белите дробови и панкреасот. Соединенијата од цикурбитазин од диња покажале антиканцерогена активност за време на истражувањето. Нивната акција варира од намалување на ширењето на ракот и самоуништувањето на клетките до целосно запирање на клеточниот циклус во клетките на ракот.

5. Го регулира варењето на храната

Дињата е лесно сварлива и се препорачува да ја јадете на празен стомак и пред друг оброк. Исто така, тоа е добар избор за оние со чувствителен стомак, бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на телото на варење храна. Поради изобилството на растителни влакна и вода, спречува запек и помага во регулирањето на варењето, здравјето на дигестивниот тракт и ги исфрла токсините од цревата.

6. Го регулира крвниот притисок

Дињата содржи растителни влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го поддржуваат здравјето на срцето. Потрошувачката на храна богата со калиум помага во регулирање на нивото на натриум, што е важно во третманот на висок крвен притисок. Калиумот му помага на организмот да ослободи вишок натриум и со тоа го намалува високиот крвен притисок. Калиумот е исто така потребен за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во пренесувањето на електричните импулси на срцето. Внесувањето на калиум е исто така поврзано со губење на мускулна маса. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува формирањето на камења во бубрезите.

7. Ја штити кожата и косата

Редовното консумирање на диња е одлично за убавина на кожата и косата. Ова се должи на влијанието на витаминот А, кој е неопходен за производство на себум, кој ја навлажнува кожата и косата и е од суштинско значење за нивниот раст.

Витаминот А е неопходен за чист тен, а исто така може да помогне во заштитата од УВ зраците што предизвикуваат побрзо стареење на кожата. Покрај витамин А, има и витамин Ц важен за градење и одржување на колаген кој дава структура на кожата и косата. Затоа дињата е одлична помош против брчките и предвремено стареење. Покрај исхраната, можете да го користите директно на кожата и косата како маска или балсам.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 минути

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 3 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена