Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сезона на костени: Зошто е важно да ги јадеме овие моќни плодови

Објавено

на

Кога се костените во прашање, нема дилема дека на голем број луѓе им се омилени за јадење. Имаат неодолив вкус и мирис, а носат и многу корист за здравјето.

Костенот ја прочистува крвта, го зајакнува имунитетот и дава многу енергија бидејќи содржи многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Може да се каже дека моќните плодови на костените се природен извор на енергија и здравје, посебно во студените зимски денови.  Исто така, богати се со витамин Ц, што е еднакво концентриран колку и во лимоните.

Зошто треба да јадеме костени?

Костенот има ниско ниво на калории и масти, а е богат со минерали, витамини и фитонутриенти (чудотворен антиоксиданс). Со самото тоа што костените се богати со витаминот Ц, ги прави одличен избор за закрепнување на имунитетот.
Калциумот и фосфорот во костените помагаат за закрепнување на нервниот систем, ги зајакнуваат коските и ја подобруваат работата на срцето. Костените содржат и високо ниво на протеин, големо количество на манган и калиум.

Стотина грама печени костени имаат околу 245 калории, па затоа ги нарекуваме плодови со висока енергетска вредност. Интересно е тоа што калориската вредност се дуплира со неговата термичка обработка, а се зголемува и количината на белковината и јагленохидратите во плодот.

Повеќе од 40% од костенот содржи скроб, поради што е погоден за подготвување на пире, супа и други слатки и солени јадења. Со оглед на тоа дека не содржи глутен, се препорачува на луѓето кои боледуваат од целијачна болест (нетолеранција на глутен).

Костените се извор на прехранбени влакна, кој го намалува лошиот холестерол во крвта и ја поттикнува работата на цревата.

Осумдесет грама костени дневно, задоволува петина од потребата за бакар, минерал кој ги засилува коските, помага во произведувањето на црвени крвни зрна, го подобрува работењето на нервите и го засилува имунитетот.

 

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена