Вести
Сезонските влезници за КК Гостивар од денес во продажба
Сите симпатизери на КК Гостивар од денес можат да купат годишни влезници за натпреварите на КК Гостивар во сезоната 2018/2019.
Влезниците ќе важат за сите домашни натпревари во сезоната што претстои, првенство, куп и плеј-оф. Во продажба се пуштени ограничен број од 200 сезонски влезници.
Цената за сезонските влезници за натпреварите на КК Гостивар е 1.000 денари.
Новитет во претстојната сезона ќе бидат новите „ВИП сезонски влезници“, со кои сопствениците на истата ќе може да изберат позиција/столче кое ќе им биде обезбедено на секој домашен натпревар, маица од клубот и влезници за гостинските натпревари на КК Гостивар. Во продажба се пуштени само 100 ВИП сезонски влезници.
Цената на ВИП сезонските влезници е 3.000 денари.
„Секоја победа е поубава и секој пораз е полесен кога имаме со кого да го споделиме. Оваа сезона не очекуваат возбудливи натпревари и голема борба под кошевите, со секоја купена влезница директно му помагате на клубот, заедно можеме многу да постигнеме“, велат од КК Гостивар.
Влезниците се продаваат во Royal Garden и Тобако (центар).
Предстојната сезона во Првата Македонска кошаркарска лига треба да започне во октомври. Продажбата на сезонските влезници трае до 30 септември или до продажба на количините.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград