Градскиот плоштад во Гостивар попладнево беше место кадешто љубителите на шахот покажаа колку се добри во шаховска стратегија, дали ги служи концентрацијата и со кои мајсторски потези располагаат. Шаховскиот турнир го организираше гостиварскиот шаховски клуб, со цел да се промовира оваа спортска игра и да се поттикнат граѓаните и младите да ја практикуваат.
„Играњето шах е добро и корисно, затоа што тоа е гимнастика за мозокот, развива концентрација, работна меморија, играчот користи стратегија, тактика, вежба упорност и дисциплина. Исто така, шахот е игра кадешто исходот зависи само од играчот, нема судија на пример, да ти досвири пенал“, вели претседателот на клубот, Ахмед Селмани.
На прашањето дали гостиварци се заинтересирани да играат шах, Селмани рече: „Има интерес, се надеваме дека ќе бидеме уште попопуларни, со оглед на тоа дека почнуваме и со шаховска школа и се надеваме дека ќе го доближиме шахот и до младите“.
Шаховскиот турнир на плоштадот беше дел од манифестацијата „Денови на иселениците“, која општина Гостивар ја организира во периодот кога печалбарите престојуваат во родниот крај. Турнирот го проследи и градоначалникот Арбен Таравари.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK