Гостивар
Шаќири во Гостивар: Годинава 40 милиони денари за инвестиции во гостиварски училишта

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денес беше во посета на неколку училишта во Гостивар, од каде најави дека МОН годинава инвестира 40 милиони денари за реконструкција на 4 гостиварски училишта.
„Училиштето „Гоце Делчев“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада, за што градежните активности започнаа кон крајот на јануари годинава, додека од февруари во„Фаик Коница“ во Дебреше започната е реконструкција на санитарни јазли и внатрешни ѕидови. И во двете училишта активностите ќе завршат во текот на месец август. Во планот за јавни набавки за годинава предвидена е и реконструкција на основното училиште „Исмаил Ќемали“, како и замена на кров и целосна обнова на кабинетите и работилниците во средното техничко училиште“, соопшти министерот, кој во склоп на обиколката беше во ООУ „Гоце Делчев“, медицинското и во техничкото училиште.
Во медицинско и техничко Шаќири присуствуваше на Отворени денови кои беа организирани во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ што ја спроведува МОН. Средношколците на штандови презентираа што научиле во текот на образованието, медицинарите мереа притисок и шеќер во крвта, демонстрираа санирање повреда и сл.
„Многу сум радосен кога гледам дека учениците со голема желба и мотивација го презентираат тоа што го научиле, а воедно што и професорите се задоволни. Сите ги знаеме придобивките од стручното образование веднаш откако ќе се заврши средното училиште, но и можностите за продолжување на образованието на факултет. Продолжуваме со втората фаза на промоција на стручното образование, со добрата соработка со Швајцарската Амбасада, со стопанските комори, која доаѓа по успешната прва фаза од која имаме три пати повеќе дуални паралелки“, изјави Шаќири.
Управата на медицинското училиште најави дека учениците кои ќе се запишат во прва година во овој образовен центар ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022