Поврзи се со нас

Македонија

„Шарли Ебдо“: Македонија – земјата која повеќе не сака да биде на делови

Објавено

на

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“ со текст на авторот Жан-Ив Ками се осврнува на случувањата околу земјава, за која се наведува дека се бори за влез во Европската Унија, а „вината за нејзините маки“ треба да се бара кај нејзините соседи, кои се растргнати поради идентитетот на државата.

– Да се дојде во Скопје во јуни 2022 година значи да се посети главен град чии жители го сметаат официјалното име на нивната земја за историска навреда. Официјално, ние сме во Северна Македонија, име наметнато од Европа и меѓународната заедница по договорот потпишан во 2019 година за ставање крај на спорот меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, жителите, барем Словените од православна вероисповед, не попуштаат: тие се Македонци и живеат во Македонија. Ниту од север, ниту од југ: во Македонија и тие се народ, со свој јазик и своја историја, која датира од славната антика, наведува неделникот.

Но, соседните Грција и Бугарија го оспоруваат поимот за посебен македонски идентитет, како последица на што Северна Македонија, која е кандидат за влез во Европската Унија од 2004 година, дури во 2020 година доби зелено светло од Европскиот совет за почеток на пристапните преговори. Но, има уште долг пат да се помине, а вината за тоа е во идеолошкото зло на Балканот: „антиквизацијата“ или потрагата по легитимитет со повикување на исчезнатите империи за да се консолидира процесот на национално формирање што сè уште не е завршен, објаснува „Шарли Ебдо“

Весникот, како што пренесува дописникот на МИА, наведува дека Балканот е мозаик на испреплетени народи, посочувајќи дека граѓаните на Северна Македонија се претежно христијански Македонци, но четвртина од населението се Албанци.

– Приштина, главниот град на Косово, е на само 90 километри од Скопје. Групите кои се залагаат за Голема Албанија се надвор од игра, но етничката поделба во Скопје е очигледна: од едната страна на мостот со поглед на Вардар се Албанците и Ромите, а од друга Словените. Евреите (останаа 200) веќе никому не му пречат: пронацистичкиот бугарски окупатор испрати 7.200 нивни предци во Треблинка, продолжува објаснувањето на сатиричниот неделник.

Според „Шарли Ебдо“, Македонците тврдат дека се потомци на Кралството на Филип Втори и неговиот син Александар Македонски од околу 400 и 300 година пред новата ера.

– Славни корени откако првиот ги победи Атина и Теба, а вториот ја прошири својата моќ до Индија. Македонското национално движење, родено на крајот на 19-от век за да се ослободи од Османлиите, пледира на континуитет помеѓу ова минато и денешницата. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) ја продолжи борбата против Кралството Србија. Тито, кој стана претседател на Југославија, го елиминираше движењето, но го консолидираше македонскиот идентитет: за да има југословенска федерација, требаше да се обединат многу националности!, додава весникот.

Со, според неделникот, во Атина, како и во Софија, приказната е поинаква.

– Грците остануваат убедени дека Македонците се Грци и дека „вистинската Македонија“ е регионот на Солун. Компромисот за терминот „Северна Македонија“ ги задоволи и веќе не го кочат пристапот на Скопје во Европската Унија. Бугарите, кои мислат дека Македонците се Бугари, сега ја презедоа палката: Владата во Софија ги блокира преговорите, додека надреална мешана комисија од експерти не го натера Скопје да го признае „бугаризмот“ на земјата, нагласува „Шарли Ебдо“.

Неделникот додава дека партијата ВМРО-ДПМНЕ, пред да биде смената од власт во 2017 година, урбаниот пејзаж на Скопје го преполни со статуи на антички херои и неговите идеолози на „македонизмот“, додека една ултранационалистичка партија во Бугарија ја користи истата кратена (ВМРО), но гласно извикува дека Македонците се етнички Бугари.

– Дали ќе се извлечеме од овој хаос? Северна Македонија, исто така е членка на НАТО, ја има поддршката од Франција, чиј претседател штотуку рече дека е подготвен да ги пречека шефовите на владите од Скопје и Софија во Париз за да се финализира решението, заклучува без одговор неделникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Гостиварпред 59 минути

Приведени три лица поради физичка напад во Врапчиште

Македонијапред 2 часа

Поевтинуваат горивата

Македонијапред 3 часа

„Global Firepower“: САД прва воена сила во светот, Русија втора, Северна Македонија на 135 место

Македонијапред 4 часа

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Вестипред 5 часа

Загина возач на магистралниот пат Кичево – Гостивар

Македонијапред 5 часа

Дваесет и една година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак

Македонијапред 6 часа

Какво време не‘ очекува во новата работна недела?

Вестипред 22 часа

Часовникот на Хитлер продаден на аукција во САД за 1,1 милион долари

Рецептипред 1 ден

Пилешко во сос од 4 сирења: Ручек за целото семејство

Занимливостипред 1 ден

Барселона го изнајмува „Ноу Камп“ за свадби и фудбал

Вестипред 2 дена

Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Гостиварпред 2 дена

46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Вестипред 2 дена

Втор ден воздушни и ракетни напади меѓу Израелците и Палестинците

Гостиварпред 2 недели

Тринаесетгодишната Андреа од Здуње, најмлада учесничка во Горно Реканската коњаница

Гостиварпред 1 недела

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 3 дена

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 6 дена

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Што, како, каде?!пред 3 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

Промотивни цени на станови во „Пелагонија престиж“ во месец август

Спортпред 2 недели

Прво место за екипата на Шаховскиот клуб „Гостивар“ на Првенството за жени

Гостиварпред 2 недели

Момчиња од Гостивар фатени со марихуана на плажи во Охрид и Струга

Гостиварпред 2 недели

Коњаницата „Бигорски Манастир-Патот до црешовото топче“ по 13-ти пат на марш во чест на Илинден

Гостиварпред 5 дена

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 7 дена

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Гостиварпред 6 дена

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Македонијапред 1 недела

Судир на две возила на патот Маврови Анови-Дебар, повеќе лица повредени меѓу кои и малолетник

Гостиварпред 6 дена

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 4 недели

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 2 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена