Вести
„Шарли Ебдо“ предизвика бес со карикатурата за земјотресот во Турција

Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ предизвика бес и е на удар поради карикатурата што ја објави за Турција по двата разорни земјотреси во кои загинаа илјадници, а беа повредени десетици илјади турски граѓани.
Карикатура објавена на Твитер како „илустрација на денот“ прикажува срушени и оштетени згради, превртен автомобил и купишта од урнатини.
„Земјотрес во Турција“, беше напишано во горниот десен агол на карикатурата, а на дното „Не моравме ни тенкови да испратиме“.
✏️Le dessin du jour, par #Juin pic.twitter.com/kPcEqZDocO
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) February 6, 2023
Оваа карикатура не е ништо друго освен срам, изјави Франсоа Бургат, политиколог од францускиот Национален центар за научни истражувања. Додека корисниците на интернет реагираа на објавата изразувајќи ја својата фрустрација и бес.
„Современи варвари! Удавите се во својот гнев и омраза“, реагираше на Твитер портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин. Абдурахим Бојнукалин, турски политичар и лондонски претставник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), кој рече дека списанието „не ги почитува границите во својата потрага по контроверзии“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава