Гостивар
Шефот на ОБСЕ Клеменс Која во посета на Општина Гостивар

Состојбите во Општина Гостивар, актуелните политички збиднувања во земјава, и евроинтеграциите беа едни од темите на разговор меѓу шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која и градоначалникот Арбен Таравари, на денешната официјална средба во гостиварската општина.
„Му се заблагодарив на амбасадорот Која за поддршката што Мисијата на ОБСЕ ја дава на Северна Македонија, со надеж дека успешната соработка со нив ќе продолжи и во иднина, за реализација на низа заеднички проекти за што побрза интеграција во Европската Унија. Амбасадорот Која од своја страна ни честиташе за локалните избори во Гостивар со желба да имаме успешен мандат во наредните четири години. Зборувавме за Советот на Гостивар, мнозинството, следните проекти кои ни се планирани, за Владата, евроинтегративниот процес на земјава, нашите прогнози за тоа што ќе се случува на политички план наредните месеци и друго“, истакна по средбата градоначалникот Таравари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022