Гостивар
Шелтер центарот во Гостивар спас за жртвите на семејно насилство, донациите добредојдени

Речиси една година во Гостивар функционира шелтер центарот за жртви на семејно насилство, кадешто малтретирани и напаѓани жени ја добиваат потребната помош и поддршка. Засолништето, кое го води Центарот за женски права ЕТИКА-Гостивар е прво и единствено од таков тип во полошкиот регион, а има капацитет за згрижување на осум лица.
„Моментално во шелтерот се сместени три лица, но кај нас бројот секогаш се менува и има нови лица кои се обраќаат за помош. За жал бројот постојано расте и речиси сите од нив доѓаат со деца. Освен згрижувањето, со жените работи стручна екипа од психолог, педагог, социјален работник. Нашата цел е да се рехабилитираат, да ја најдат силата во себе и да можат да се вратат како нови во животот. Истовремено во соработка со други институции им помагаме и да најдат работа и да можат да продолжат со животот самостојно.“, вели Себајете Зенку, претседателка на ЕТИКА.
Шелтер центарот денеска доби донација во пакети со долготрајна храна и средства за хигиена за потребите на жртвите.
„Компанијата „Бехтел и Енка“ обезбеди значителна количина на хигиенски средства и храна. Донацијата е по иницијатива на вработените и на целиот тим на компанијата и ние изразуваме благодарност за тоа. Поддршката и помошта се добредојдени за шелтерот“, рече Зенку.
На гостиварско подрачје годишно се регистрираат и до педесетина кривични дела врзани со семејно насилство, при што најчесто жртви се жените.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог