Гостивар
Шест малолетници од Чегране осомничени за 27 тешки кражби
СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 6 малолетни лица од гостиварското село Чегране, од кои 3 на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години.
Шесте малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 до август 2019 година, делувајќи во група и со употреба на сила провалувале во куќи претежно на времено вработени во странство од Чегране, како и во други објекти во ова село и противправно одземале златен накит, алати, облека и технички производи. Одземеното го криеле во напуштен објект – штала во Чегране и подоцна го продавале на други лица, информираат од полицијата.
Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград